Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди
Патрик Торендал, попознат како Пиџет направил импресивна колекција од фотографии со познатите ѕвезди, но ниедна од нив не е вистински фотографирана. Мудриот фотоманипулатор, креира пресмешна колекција од „фотошопирани“ слики, во кои се вметнува себеси во опуштена атмосфера, рамо до рамо со голем број познати ѕвезди, но преферира да се става до најсекси актерките и пејачките. Овие слики тој ги качува на Инстаграм и на Твитер.Заедно со Каније Вест, Џеј Зи, Хали Бери, Ријана или Бијонсе, Пиџет е „фотографиран“ веднаш до неговите замислени пријатели, со кои го живее гламурозниот живот. Качен на мотор со Бијонсе, пеејќи серенада заедно со Алиша Кис или гушкајќи ја Ким Кардашијан, додека зборува со Џеј Зи, фотографиите на овој човек се навистина забавни за гледање.Пиџет продолжува да објавува вакви забавни фотки на неговите профили на Твитер и на Инстаграм, во кои тој е составен дел од поп културата. Тој има напишано и еден интересен твит во врска со својата работа:
„Имам нула вистински фотографии од себеси. Доколку умрам, на мојот погреб ќе има само фотографии на кои задницата на Ники Минаж, е потпрена на моето чело.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
inace ovie fotki se praveni na fotoshop
ej da ?