Целосна програма за отстранување на целулитот
Целулитот е сосема нормална работа. Го имаат дури и најслабите манекенки и славни девојки. Иако експертите тврдат дека е невозможно целосно да се ослободите од целулитот, сепак се сложуваат дека со правилен микс од исхрана, вежбање, масажи и креми може да се сведе до минимум.
1. Масажа, дренажа и пилинг
Масажите се важен дел од овој процес. Масирајте ги деловите од телото каде што имате целулит со кружни движења, почнувајќи од долу па нагоре. Исто така, барем еднаш неделно правете антицелулитен пилинг, кој можете да го приготвите од мелено кафе, малку шеќер и лажичка маслиново масло. Можете да пробате и неколку различни рецепти.
Важна напомена: Доколку имате осетливи капилари, избегнувајте антицелулитни третмани во козметички салони. Поради силниот притисок капиларите пукаат, што визуелно е многу полошо од целулитот.
2. Исхрана
Кога станува збор за исхраната, тука нема некоја филозофија. Мрсната храна, благото и калоричните закуски му одат во прилог на целулитот, додека водата, овошјето и зеленчукот го забрзуваат вашиот метаболизам и помагаат во согорувањето и намалувањето на масните наслаги. Исто така избегнувајте ја и солта, која придонесува за создавање на целулитот.
3. Течности
Зголемете го внесувањето на течности. Пијте што е можно повеќе вода и по можност во неа исцедете лимон или портокал, а познато е дека зелениот и жолтиот чај помагаат за намалување на целулитот.
4. Креми
Иако многумина тврдат дека кремите против целулит се најобична измислица, постојат научни докази дека тие навистина делуваат. Нормално, доколку јадете мрсна храна, не се движите и не пиете течности, нема ниту кремата да ви помогне да го намалите целулитот, но доколку ги ставите и нив во оваа антицелулитна комбинација, можете да очекувате резултати. Сепак, немојте да ги слушате само рекламите, туку разгледајте ги и формулите и прочитајте што велат другите девојки од сопствено искуство. Неретко најефикасни се оние со пристапни цени.
5. Вежби
За отстранување на целулитот од задникот и бутовите, морате многу да вежбате. Одличен избор е кардио тренинг, неколку пати неделно, бидејќи преку потењето ќе ги исфрлате штетните материи. Покрај тоа, секој втор ден правете ги и овие вежби:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.