КАФЕ ПАУЗА

Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

Во денешно време сите сме опседнати со технологијата. Нашите телефони неизбежно ги земаме со себе кога го напуштаме домот. Многумина паничат кога ќе го заборават телефонот дома, па веднаш организираат такси или некој од домашните да им го донесе. Како да не може да помине ни еден ден без мобилниот.rnrnEnjoying lifernrnЗададете си еден интересен проект: заборавете го телефонот намерно дома. Еве што сѐ можете да правите и како би изгледал вашиот ден.rn

1. Сликање

rnПред ерата на модерните апликации за сликање и цртање, платното и боите беа незаменливи. Вратете им се. Ако сликате секој ден можете да го намалите нивното на стрес и анксиозност.rn

2. Дремка без аларм

rnСтудиите покажуваат дека чувањето на телефонот покрај главата може да ви го наруши сонот. Спијте додека ви се спие.rn

3. Трчање без музика

rnНаместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Плус, ќе бидете свесни за она што се случува околу вас и ќе бидете подготвени за евентуалните непредвидливи ситуации. Додека слушате музика не можете да го чуете автомобилот зад вас.rn

4. Дружење со домашниот миленик наместо гледање видеа од други миленици

rnЛесно е човек да се навлече на смешни видеа со домашни миленици, но многу подобро ќе го поминете времето доколку се дружите во живо со вашиот миленик. Една неодамнешна студија покажала дека 20% од сопствениците на миленици попрво би гледале видеоснимки од миленици одошто да си играат со нив. Играјте со вашето домашно милениче. И тоа е, докажано, добро за намалување на стресот.rn

5. Одење во кино или во театар

rnПрестанете да гледате сѐ на вашиот телефон. Излезете сами или со пријателите и појдете на филм во кино или пак на театарска претстава. Ќе видите колку е поинакво тоа доживување.rn

6. Пишување на хартија

rnСтудиите откриваат дека запишувањето на работите за кои сме благодарни имаат добро влијание врз општата среќа, а самиот чин на пишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да запишувате во вашиот телефон, вратете се на старомодниот начин.rn

7. Одење на прошетка

rnПојдете на прошетка без телефонот. Можеби некој ќе ве бара. Ако. Вие одмарајте малку во природа. Подоцна ќе се јавите.rn

8. Готвење според рецептите од баба

rnРецептите од интернет се супер, но најпроверени се рецептите од кои веќе сте го пробале финалниот продукт. Фамилијарните рецепти од баба се оние најдобрите.rn

9. Одење на вечера со пријателите

rnВо храната треба да се ужива, не само да се поставува на Инстаграм. Следниот пат кога ќе одите на вечера со пријателите, договорете се да не ги користите телефоните и играјте ја играта „кој прв го допре телефонот, тој ја плаќа сметката.“rn

10. Читање весник

rnСекако дека ако читате вести од интернет имате можност први да дознавате што се случува, но хартија си е хартија. Чувството меѓу прстите кога ги вртите страниците, мирисот на печатарската боја, па и благата болка во мускулите од држење на весникот, се едноставно незаменливо искуство.rn

11. Пополнување енигматика

rnКога веќе го имате весникот в рака, решете некој крстозбор или судоку наместо да изиграте некоја игра на вашиот телефон.rn

12. Читање книги

rnЧитањето е неверојатно корисно за мозокот. Впуштањето во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да ви помогне да спиете подобро и да бидете поемпатични.rn

13. Возење без цел

rnСеднете зад воланот и само возете. Без крајна дестинација.rn

14. Прелистување на старите албуми со слики

rnОставете ги сликите од Фејсбук и оние со кои го имате наполнето вашиот телефон. Земете в рака вистински албум, сами или со вашата мајка. Ќе ве потсети на минатото и ќе ви даде оптимизам и доза самодоверба.rn

15. Медитација

rnНаместо да пуштите смирувачка музика додека правите нешто созема друго, исклучете ги звуците од вашиот телефон и медитирајте во тишина неправејќи ништо. И медитирањето е добро за намалување на стресот, а дополнително може да го зајакне имунолошкиот систем.rn

16. На пијалак со колегите или старите пријатели

rnДоговорете се да се видите со некои луѓе со кои се немате видено одамна. Сигурно ќе имате што да си кажете, а телефонот нема да ви биде воопшто потребен во добро друштво и со добар муабет.rn

17. Набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето

rnСамо застанете и набљудувајте го излегувањето на сонцето. Немојте да го фотографирате во желба да го „фатите“ моментот. Уживајте во моментот додека се случува пред вашите очи.rn

18. Ден со семејството

rnПоминете еден ден со родителите или со вашите деца. Според едно истражување, вредноста на социјалните врски изнесува 131.232 долари годишно, со оглед на нивото на задоволство кое се добива од нив.rn

19. Сложување сложувалка

rnНавистина сложувалките не се евтини, но уживањето во поврзувањето не може да се спореди со ваквите игри на вашиот мобилен телефон.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.