Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

Многумина се чудат зошто Формула 1 и останатите категории на авто-мото трки важат за спорт кога возачите само си седат на седиштето и го вртат воланот. Одговорот е дека една Формула 1 трка бара голем физички напор од возачот за да може да ја издржи цела, па затоа тие мораат да бидат физички извонредно спремни и да поседуваат сила и издржливост како да се војници.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

Многу потење

Управувањето на Формула 1 болид при огромни брзини бара од возачот успешно да контролира повеќе различни физички сили и притисоци кои влијаат на тоа како се движи самиот болид. Покрај тоа, моторот создава голема жештина, која заедно со овие сили предизвикува многу потење кај пилотот. Во некои трки може да се случи тој да изгуби и до 3 килограми од својата тежина само поради исфрлањето течност преку потењето.

Кардио-васкуларен тренинг

За да може да го издржи овој напор, секој возач мора да го користи сиот свој физички потенцијал. Нивниот тренинг се состои од активности како трчање, пливање, возење велосипед или ролање. И одењето во теретана е задолжително за секој од нив. Потребни им се силни раце за да не им побегне воланот додека возат, а нивниот врат и градите треба да ги издржат разните притисоци, кои се особено силни при возењето во свијоците. За нив нема соодветна фитнес опрема која ќе им овозможи соодветно да ги развијат тие делови од телото и затоа користат додатна опрема дизајнирана специјално за нив.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

Режим на исхрана

Како и сите други спортисти, така и возачите во Ф1 почитуваат строг режим на исхрана кој им овозможува да извадат максимум од своите тела. Постојано внимаваат на тоа колку внесуваат јаглени хидрати, а колку протеини. За време на тркачките викенди во нивната исхрана доминираат јаглехидрати, но и огромни количини вода затоа што потењето може да доведе до дехидрација. Поради тоа во болидот имаат шише со вода од кое пијат преку цевка која се пробива преку нивната кацига во делот кај устата. И секако, и шампањското после трка добро им доаѓа за гасење на жедта.

На денот на трката

Еден тркачки ден за возачот изгледа отприлика вака:

  • во 07.30: појадок составен од житарки, млеко и овошје;
  • во 08.00: масажа за будење и загревање на мускулите;
  • во 09.00: возење на сесија за загревање на тркачката патека;
  • во 10.00: ПР активности пред трката;
  • во 11.30: лесен оброк, најчесто тестенини и супа од зеленчук;
  • во 12.00: време за одмор, некои успеваат и да заспијат;
  • во 12.40: масажа за повторно будење на мускулите;
  • во 13.15 : влегување во болидот и подготовки за трката;
  • во 14.00: почеток на трката;
  • по крајот на трката: богат оброк во кој доминираат протеини и витамини, а потоа масажа за обновување на мускулите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар