Научно докажано е дека читањето може да го подобри човечкото здравје на повеќе различни начини. Истражувањата покажале дека тоа го намалува стресот, ја подобрува меморијата и ја зголемува емпатијата. Освен што читањето може да ви помогне да станете подобра личност, може и да ви помогне да заспиете.rnrn
rnrnНекои книги не се добар избор за пред спиење, како што се возбудливите трилери на пример, бидејќи нема да можете да престанете со читање и целата ноќ ќе ја поминете будни. Но, постојат книги кои ќе ви помогнат да се опуштите пред спиење. Ние ви ги препорачуваме следниве книги за релаксација…rn
1. „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери (The Little Prince)
rn
rnrnОваа кратка книга навистина има што да каже. „Малиот принц“ ја содржи совршената доза на фантазија што ќе ви помогне да заспиете. Прекрасните описи ќе завладеат со вашите соништа и ќе се разбудите одморени.rn
2. „Прикачени фајлови“ од Рејнбоу Роуел (Attachments)
rn
rnrnАко ги обожавате лесните романтични комедии, тогаш ова е вистинската книга за вас. Бет и Џенифер си пишуваат имејлови преку нивните профили на работа. Линколн е одговорен за надгледување на тие работни профили и откако ќе ги прочита зборовите на Бет, полека ќе почне да се вљубува во неа.rn
3. „Чудо“ од Р. Џ. Паласио (Wonder)
rn
rnrnОги Пулмен е дете со деформитет на лицето кое било школувано дома, но петтото одделение го започнало во ново училиште. „Чудо“ ја раскажува неговата приказна од повеќе различни аспекти. Оваа книга ќе ви ги допре душата и срцето, но ве предупредуваме дека можно е и да ве расплаче.rn
4. „Уметноста на возењето по дожд“ од Гарт Стајн (The Art of Racing in the Rain)
rn
rnrnНараторот Ензо е куче. Тој верува дека ќе се врати како човек во следниот живот, па затоа се обидува да ги научи човечките вештини од неговите сопственици. Приказната е емотивна, прекрасна и одлична за читање пред спиење.rnrnПродолжете на следната страница за да ги видите и останатите книги…rnrn