Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)

Почетокот на нова брилијантна трилогија

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)Режија: Питер Џексон

Улоги: Мартин Фримен, Ијан МекКелен, Ричард Армитиџ

Времетраење: 169 минути

Јазик: англиски

Премиера: 24 декември 2012

Жанр: авантура, фантазија

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (35 гласа, просек: 9,09 од 10)
Loading...

Режисерот Питер Џексон успеа од неочекуваното патување на хобитот да направи очекувано добар филм. Исто како и во случајот со „Господарот на прстените“, кога тој си игра со плодовите на имагинацијата на Толкин, се добива авантура во Средната Земја која го држи гледачот возбуден цели 3 часа, а кога ќе заврши го тера да се прашува кога ли ќе го дочека следното продолжение.

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)

Во првиот дел од новата трилогија дејството се врти околу хобитот Билбо Багинс (Мартин Фримен), чија авантура започнува 60 години пред настаните од „Господарот на прстените“. Една мирна вечер, која личи на секоја друга, ќе стане интересна по ненајавената посета на енергичната дружина од тринаесет џуџиња. Тие сакаат со помошта на волшебникот Гандалф (Ијан МекКелен) и Билбо конечно да си го вратат во посед својот дом Еребор, кој долго време е окупиран од страшниот змеј Смауг.

Храбрите џуџиња, предводени од бестрашниот воин Торин Дабовштит (Ричард Армитиџ), не се колебаат дали да тргнат во поход за враќање на својата татковина, но неопходна им е помошта на хобитот. Тој пак, не сака да го напушти мирниот живот во кој се исклучени сите можни неизвесности. Долго ќе се двоуми, но на крај ќе реши да тргне на ова неочекувано патување низ Средната Земја.

Гандалф кон Билбо: „Домот сега е зад тебе. Светот е пред тебе.“

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)

Сцените во нивното патешествие наликуваат на оние од претходната трилогија. Главните јунаци повторно го бараат својот пат низ живописните пејзажи на Нов Зеланд, одвреме-навреме наидувајќи на своите непријатели со кои влегуваат во жестоки битки. Тие повторно се направени со беспрекорни компјутерски ефекти, што понекогаш ќе се прашувате дали Средната Земја, гоблините или орките навистина постојат некаде на овој свет. Секако, важен дел од секоја битка е и извонредната музика. Одлично го надополнува секој кадар, небаре борбите се водат според нотите кои одат во позадина.

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)

Поради сето ова, на „Хобит: Неочекувано патување“ може да гледате како на четврто продолжение на „Господарот на прстените“. Истите актери од претходната трилогија, истите магични краишта, но различна приказна. Ако сте фан на „Господарот на прстените“, тогаш и овој филм е задолжителен за вас. Ви препорачуваме да го гледате во кино, затоа што ова не е само одлична приказна, туку и незаборавно визуелно доживување. Погледнете го, а потоа пробајте да се стрпите до вториот дел.

Филм: Хобит: Неочекувано патување (The Hobbit: An Unexpected Journey)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар