Со изразито бели стебла и листови кои магично ја менуваат бојата, јасиките претставуваат прекрасна глетка за секој, а неверојатна инспирација за фотографите. Тие ја менуваат бојата од летно зелена, светло златна, па сè до јако црвена. Ова е причина што многу туристи го посетуваат Колорадо наесен со цел да ги фотографираат овие дрвја додека се случува промената.rnrn
rnrnНајдобриот период за ова е од средината на септември до средината на октомври кога всушност лисјата паѓаат. Во овој кус период, кој може да трае и само една недела, листовите се менуваат, а благодарение на фотографите имаме можност да ја забележиме таа промена и да се воодушевуваме на боите со кои нè зашеметува природата.rnrn




rnrnФотографот Џои Моран изгледа бил најсреќен од сите. Тој успеал да ги фати сите бои одеднаш. Тој за неговата слика (најгоре) вели:rnrn
„Виножито од бои на група јасики близу Аспен, Колорадо. Есента во Аспен е нешто што е многу тешко да се објасни. Толку е убаво, каде и да погледнеш има јасики кои се златни, црвени, портокалови и во многу други бои. Земјата е поплавена со злато од лисјата кои паднале.rnrnЈа забележав оваа група дрвја покрај патот. Тоа беше најдобрата комбинација од дрвја која ја видов на целото патување. Застанав, си ги ставив слушалките и почнав да пешачам. Изгледаше како да е близу, но одев половина час за да стигнам до нив. Бев сосема сам, беше мртва тишина и го застанав за момент. Човеку… ова е убаво! Почнав да сликам, тоа траеше неколку часа и ова е тоа што произлезе.“
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
