Доколку имате желба за додипломски или постипломски студии надвор од нашата земја, олеснителна околност е доколку предавањата се на англиски јазик. Ова се дел од универзитетите ширум целиот свет кои нудат програми на англиски јазик.rn
Maastrict University – Холандија
rnНа овој универзитет има налив од студенти од Велика Британија, бидејќи школарината е околу 1.700 евра годишно. Речиси половина од додипломските студии се на англиски јазик, а поголемиот дел од магистерските и докторските студии се исто така на англиски.rnrn
rn
Politecnico di Milan – Италија
rnЕден од водечките универзитети во Италија објави дека од 2014 година речиси сите предавања и оценувања ќе бидат на англиски јазик.rnrn
rn
Национален Универзитет во Сингапур
rnСпоред минатогодишното рангирање, овој универзитет е на 28-мо место во светот, а предавањата се целосно на англиски јазик.rnrn
rn
Riga Technical University – Летонија
rnТехничкиот Универзитет во Летонија нуди голем избор на додиполомски студии на англиски јазик, вклучувајќи телекомуникации, авијација, транспорт и животна средина. Школарината е околу 1.400 евра годишно.rnrn
rn
Универзитетот во Хонг Конг
rnРечиси сите предавања на овој универзитет се на англиски јазик. Споредено со Британија, цената на школарината и не се разликува многу, но стандардот е понизок како и секојдневните трошоци.rnrn
rn
Bonn University – Германија
rnОвој универзитет има голем број специјално дизајнирани курсеви за странски студенти, како додипломски така и постдипломски студии кои целосно или делумно се предаваат на англиски јазик. Студиите вклучуваат право, култура, природни науки и математика.rnrn
rn
The University of Stavanger – Норвешка
rnВо Норвешка не се наплаќа школарината, дури ни за странските студенти, а во голем дел од универзитетите се нудат курсеви на англиски јазик. На универзитетот во Ставангер има голем број додипломски студии на англиски јазик, вклучувајќи компјутерски науки, математика и физика, музика и танц. Додека на универзитетот во Осло има повеќе од 40 магистерски програми на англиски.rnrn
rn
Sciences Po – Франција
rnОвој високо селективен универзитет во Париз, Франција, е специјализиран за општествени науки и токму од таму излегува најголемиот дел од политичката елита во земјата. Некои курсеви се целосно на англиски јазик, додека за други, иако треба да се развие некое познавање на францускиот јазик, сепак има и повеќејазична програма.rnrn
rn
Бизнис школата на Копенхаген – Данска
rnСо над 17.000 студенти, ова е еден од најголемите бизнис универзитети во Европа. Речиси половина од курсевите се на англиски јазик.rnrn
rn
Leiden University – Холандија
rnЗа повеќето од курсевите е потребно задоволително ниво на владеење на холандскиот јазик, но за некои, како науки и уметности, предавањата се целосно на англиски јазик. Како и да е, после втората година, многу додипломски студии се спроведуваат целосно на англиски јазик.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.a
