КАФЕ ПАУЗА

Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

Written by

in

,

Зошто одредени желби не се остваруваат кога вие сакате туку неколку месеци или години подоцна, кога веќе сте ги заборавиле?rnrnЗошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?rnrnЕдно од објаснувањата е дека понекогаш чувствуваме очајна потреба за исполнување на одредени желби, па преку одредени постапки го форсираме нивното исполнување. Се фокусираме на желбата, но не обраќаме внимание на патот кој може да нè одведе до нејзиното реализирање.rnrnГолема пречка на патот кон остварување на желбите е очајната потреба да се има нешто. Дали некогаш сте успеале да присилите некого да ве сака? Или да ја натерате личноста да биде весела? Желбите функционираат на истиот начин. Не можеме да ги принудиме да се остварат!rnrnСамо кога вашите лични вибрации ќе излезат од состојбата на очајна потреба и кога ќе почнете да се чувствувате опуштени и релаксирани, ќе ви биде полесно да ги остварите вашите желби.rnrnОбидете се да ги најдете малите животни радости на патот кон желбата, наместо постојано да размислувате за стратегиите како да ја остварите вашата желба.rnrnНе заборавајте дека понекогаш желбите не се остваруваат затоа што можеби не е дојдено времето за нив. Ова не значи дека треба да седите и да не правите ништо за да ја остварите вашата желба. На тој начин, пак, ќе ги намалите шансите за нејзиното остварување. Доволно е да им се посветите на желбите со радост, без стресови и очекувања, а потоа ќе видите како можностите ќе се зголемуваат сами по себе. Бидете трпеливи и никогаш не откажувајте се од вашите соништа!rnrnОткако прочитавте за остварувањето на желбите, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 правила за остварување на желбите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs