КАФЕ ПАУЗА

Во овие заблуди веруваат 99% од паровите и тоа ги чини многу

Во овие заблуди веруваат 99% од паровите и тоа ги чини многу

Личната среќа е најголемото достигнување за секој човек, бидејќи кога ние сме среќни можеме да ги усреќиме и другите. Психолозите советуваат да не наметнувате некои застарени правила за брачно однесување и едноставно да уживате во заедничкиот живот без меѓусебно да се оптоварувате.rnrnВо овие заблуди веруваат 99% од паровите и тоа ги чини многуrnrnСпоред нив, советот да го правите вашиот сопруг или сопруга среќен/среќна секој ден е најлошиот совет на светот! Наместо тоа, треба да се фокусирате да бидете комплетна, среќна и здрава личност бидејќи вашата целовитост ќе придонесе за хармонијата во бракот.rnrnПсихологот Хол Ранкел вели дека идејата дека задоволувањето на потребите на другиот ќе ве направи среќни е целосно погрешна.rnrnТој тоа го објаснува преку личен пример.rnrnОна што овој психолог го пренесува како совет е меѓусебно да се надополнувате со партнерот. Онаму каде што тој има пропусти, да се вклучите вие и обратно. Само така ќе му поставите цврсти темели на вашиот брак. Наместо да „си требате“ еден на друг, тој советува да се сакате еден со друг.rnrnЗа оние кои сè уште се во потрага по својот идеален партнер психологот вели дека една од најголемите опасности при таквата потрага е уверувањето дека постои  сродна душа и дека судбината сигурно ќе ве обедини. Таквото размислување не ве мотивира за никаква акција и е сведено на чекање да се појави „вистинскиот“. А тоа, обично, не се случува затоа што пред некој да ве засака вас, мора прво вие да се сакате себеси.rnrnВашиот партнер не може да ве почитува толку отколку што вие може да се почитувате себеси.rnrnМожеби сакате да дознаете и што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?rn