КАФЕ ПАУЗА

Зошто во текот на зимата изгледаме многу постаро отколку за време на летото?

Written by

in

,

Најверојатно веќе сте забележале дека во текот на зимата изгледате многу постаро отколку што навистина сте, но дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Што прави да се чувствувате и да изгледате така? Сигурно сте забележале и дека во текот на летото ви е полесно да изгледате убаво, дека вашата кожа изгледа посјајно и дека вашите подочници се скоро невидливи. Експертите ги откриваат причините поради коишто се создаваат овие промени во текот на зимата.rnrn1-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

1. Имате подочници

rnПодочниците во текот на зимата се повеќе изразени отколку во лето. Едно истражување покажало дека во зима ги имаат 82% од жените, додека во летото само 38%. Недостатокот на витамин Д и К имаат негативен ефект врз појавата на подочници и надуени очи. Заради тоа жените може да изгледаат и до 4 години постаро. Од подочници повеќе патат жените со посветол тен, па потребно е да посветат поголемо внимание во тој предел додека се шминкаат.rn

2. Вашата коса не изгледа здраво

rnГреењето, студот, ниската влажност и статичкиот електрицитет се факторите кои за време на студените денови ќе ја направат вашата коса непривлечна. Обидете се да ја храните со природни маски за да го вратите нејзиниот сјај и живоста.rnrn4-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letotorn

3. Темните бои не ви прават услуга

rnВо текот на зимата поголемиот дел од жените носат малку потемни нијанси, најмногу бидејќи таквите бои и преовладуваат, но и заради тоа што се сигурен избор. Но, темните бои како што се црната или сивата воедно ве прават и визуелно постари, особено во сивата и тмурна есен и зимското опкружување. За да внесете живост во вашите модни комбинации изберете ведра боја на шал, гламурозно ланче или шарена капа.rn

4. Вашата кожа е сува

rnГреењето малку по малку ја суши вашата кожа. За да ја освежите, додајте му на вашиот лосион една капка екстракт од маслиново масло.rnrn3-zoshto-vo-tekot-na-zimata-izgledate-mnogu-postaro-otkolku-vo-tekot-na-letotorn

5. Помалку вежбате

rnТешко е да вежбате кога постојано врне, рано се стемнува и кога е студено. Но, прескокнувањето на вежбањето влијае на вашето целосно здравје и изглед. Ќе се чувствувате полошо, нема да имате сила ниту елан, а и полесно ќе се здебелите. Пронајдете пријател/ка со кој/а ќе вежбате или симнете некоја добра апликација која ќе ве мотивира.rn

6. Општо се чувствувате старо

rnКога е студено и нема сонце, не добивате доволно витамин Д, ниту серотонин, хормонот на среќата. Тоа влијае на сите луѓе. Ќе биде забавно доколку неколкупати се сокриете под ќебето и се излежувате по цел ден, но доколку тоа стане секојдневие, ќе ви стане досадно и ќе ја изгубите волјата за живот. Консумирајте овошје и зеленчук и пронајдете некои активности кои ќе можете да ги правите и на затворено – одете во кино, на претстава, на фестивал, запишете курс за готвење… Изборот е ваш!rnrnЕсента е идеален период за да започнете да се подготвувате за долгата зима, а со помош на овие мали совети ќе откриете како успешно да ја „преживеете“ есента.