Новата година е период кога луѓето сакаат да си ги расчистат старите сметки и да се ослободат од оние работи кои не им одговарале во минатата. Една од тие работи е секако и љубовната врска во која се чувствуваат несреќни.rnrn
rnrnСпоред едно истражување, јануари е идеален месец за прекинување на старата врска во која партнерите се чувствуваат незадоволни, и истовремено е период за нови почетоци. Дури и адвокатите за развод имаат изјавено дека се најзафатени на почетокот од годината, особено во јануари и февруари.rnrnЕдна од причините поради која паровите се одлучуваат да раскинат во јануари е декемвриската празнична депресија која продолжува во новата година. Дополнително, фактот дека е нова година ни создава притисок дека треба да имаме и нов почеток, да свртиме нова страница, што во комбинација со временската состојба во овој период од годината, негативно влијае на нашето расположение. На ова се надополнува насобраниот стрес, финансиските проблеми и притисокот од родителите кои често имаат значајно влијание врз судбината на љубовните врски во кои се нивните деца.rnrnПред новата година исто така имаме тенденција да се преиспитуваме себеси, што сме направиле во текот на изминатата година, што сме постигнале, дали сме задоволни од состојбата во којашто сме… Во овој процес, многумина вината за својата несреќа ја наоѓаат во партнерот, па на почетокот на следната година, ова неизбежно избива на површина.rnrnНо, не значи дека причината за раскинувањето се појавува токму за нова година. Луѓето обично трпеле дотогаш, а во овој период, под притисок на потребата за нов почеток се одлучуваат да го направат тој чекор. Многумина го чувствуваат нагонот за раскинување уште во декември, но поради желбата да ги поминат празниците заедно со партнерот, односно заради стравот да не останат сами, да не им пропадне договореното патување, да не ги пропуштат многуте забави, заедничката посета на родителите и размената на веќе купените подароци, го „одложуваат“ завршетокот на врската за во јануари.rnrnНа второ место според бројот на раскинувања е декември, додека трет е март.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.