Вистина е дека понекогаш сопствениците на кучиња повеќе го сакаат нивниот миленик од луѓето кои ги опкружуваат. Можеби ова ви звучи чудно, но ако некогаш почнете да чувате куче, сѐ ќе ви стане јасно. Кучњата можат да ве научат на многу работи и да ви го направат животот поубав. Ова се 8-те добри причини зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња…rnrn
rn
1. Знае што е верност
rnБезусловната љубов што може да ви ја даде кучето е незаменлива. Милениците можат да нѐ научат што е тоа верност и лојалност. Понекогаш , можеби ќе треба да се соочите со некои предизвици во врската, но девојката која чува куче ќе знае дека треба бидете тука еден за друг, без оглед на сѐ.rn
2. Постојано ќе бидете опкружени со кучиња
rnСо оглед на тоа што ќе си имате работа со љубител на кучиња, вашата девојка сигурно ќе обрнува многу внимание на сите кутриња што ќе ги сретнете по улица, во паркот, пред зграда…Понекогаш можеби повеќе ќе им се посветува ним отколку вам. Но, позитивната страна на целата ситуација е тоа што ќе запознаете многу слатки кучиња благодарение на вашата девојка.rn
3. Сака да биде физички активна
rnКучињата ги тераат луѓето постојано да бидат на нозе, да трчаат и да ги шетаат. Ќе можете да поминувате време со вашата девојка додека го шетате нејзиниот домашен миленик и верувајте дека ќе уживате во тие забавни прошетки. Доколку кучето е поголемо, ќе можете дури и да возите велосипед или ролерки заедно.rn
4. Секогаш ќе ви биде забавно
rnНе постои сомнеж дека кучињата ги прават луѓето среќни. Доколку поминувате време со вашата девојка и нејзиното куче, сигурно ќе доживеете многу мали моменти што ќе ве насмеат и ќе го подобрат вашето расположение.rnrn
rn
5. Лесно ќе можете да ѝ купите подарок што ќе ѝ се допадне
rnЗа секој празник или посебна прилика постои честитка со куче на неа. Самата честитка сигурно многу би ѝ се допаднала, но уште подобро е ако купите подарок поврзан со нејзиниот домашен миленик. Можете да нарачате некаков предмет со слика од нејзиното куче или да купите нешто специјално за него. Не можете да погрешите!rn
6. Секогаш ќе знаете како да ја развеселите
rnПонекогаш луѓето не знаат како да ја излечат тагата, па затоа најдобро е да побарате помош од некој крзнен пријател за да ја развеселите вашата сакана. За среќа, ова не е воопшто тешко да се направи. Постојат милион видеа од кучиња на Интернет што можат да ја претворат секоја солза во насмевка.rn
7. Грижлива е
rnЧувањето куче не се разликува многу од чувањето бебе. Кучето треба постојано да се храни, да се бања и да се чисти по него. Таа има поминато низ сето тоа и многу добро знае како да се грижи за некого. Вашиот стомачен вирус нема да ја исплаши. Таа ќе биде до вас и ќе ви помогне да ги пребродите тешките моменти.rn
8. Домот ќе ви биде исполнет со кучиња
rnДоколку вашата врска трае доволно долго за да започнете заеднички живот, не постои сомнеж дека домот ќе ви биде исполнет со барем едно кученце.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 причини зошто треба да го одберете мажот кој чува куче.