Истражувањата покажале дека сопствениците на кучиња се повеќе дружељубиви, поактивни и погрижливи, па токму тоа и ги прави совршени партнери. Погледнете ги следниве 10 причини зошто би требало да бидете во врска токму со човекот кој чува куче…rnrn
rn
1. Тој е дружељубив
rnКучињата се весели животни кои сакаат да си играат во група и да го истражуваат светот заедно со своите пријатели, па токму затоа и сопственикот почнува да ги поприма овие тенденции. Особено во оние ситуации кога кучето ги поврзува со соседите, со други сопственици на кучиња во парковите, па дури и со случајните минувачи. Благодарение на неговото мало крзнено пријателче, овој маж ќе има широк круг на пријатели.rn
2. Тој е совесен
rnСтудиите покажуваат дека сопствениците на кучиња тежнеат кон остварување повисоки цели, како и подетално завршување на задачите. Овие луѓе се посвесни за својата околина и внимаваат како се однесуваат кон оние со кои често се гледаат. Па, кој не би сакал ваква личност покрај себе?rn
3. Тој е активен
rnСопствениците на кучиња имаат обврска барем два пати во денот да го прошетаат своето милениче, па токму тоа и ги прави многу поактивни од оние кои немаат кучиња. Исто така, сопствениците на кучиња постојано се во потрага по нови активности и авантури со кои би можеле да ги израдуваат своите љубопитни миленичиња.rn
4. Тој е одговорен
rnКога имате куче, имате и многу обврски. Животот со куче бара многу трпение и посветеност, како и одговорност. Токму затоа овие луѓе никогаш не би ги оставиле своите миленичиња на небезбедно место, ниту пак би ги занемарувале нивните потреби. Ова однесување лесно се пренесува и на грижата за луѓето, па токму затоа е и една од оние особини кои се вредни за почит.rn
5. Тој е лојален
rnСопствениците на кучиња, кои по природа се верни и лојални, и самите многу брзо ги учат овие карактеристики кои подоцна почнуваат да ги применуваат на односите со нивните пријатели, семејството и најважно од сè, со партнерката.rn
6. Тој знае како да опрости
rnАко имате куче, знаете за што станува збор. Кучињата многу често знаат да ги распарталат вашите омилени папучи, завесата или каучот, но откако ќе ги искарате, не можете долго време да им одолеете на нивните мали очички полни со извинувања кои упорно ве гледаат сакајќи да им простите. Сопствениците на кучиња имаат научено како секогаш да опростуваат и уште поважно, да учат од своите грешки.rn
7. Тој е секогаш расположен за авантура
rnКучињата се многу активни животни, па токму затоа и потребно е да се исполнува нивниот ден со различни авантуристички прошетки со цел да бидат посреќни и поисполнети. Сопствениците на кучиња се научени на ова однесување, па токму затоа и никогаш нема да им биде здодевно за време на долгите прошетки.rn
8. Тој е среќен
rnДоволно е само малку време да поминете со куче за да ја почувствувате неговата вродена радост и леснотија на живеењето. Исто така брзо ќе забележите и дека на кучињата им е потребно многу малку за да бидат среќни. Но, она што е најинтересно е дека и нивните сопственици често ја имаат истата оваа карактеристика.rn
9. Тој е одличен пријател
rnПоголемиот дел од сопствениците на кучиња брзо наоѓаат утеха и лесно се справуваат со стресот поради чистата љубов која ја добиваат од своите крзнени пријатели. Токму тоа ни укажува дека станува збор за луѓе кои се отворени за дружење и подготвени да го делат својот живот со другите.rn
10. Тој знае како да ужива
rnЕкспертите велат дека кучињата живеат во сегашноста. Тие не памтат зло, ниту пак се обидуваат да ви „наплаќаат“ за направените грешки. Ова позитивно однесување често го пренесуваат и на своите сопственици, па токму затоа и тие почнуваат да ја вреднуваат секоја секунда од животот и се обидуваат да живеат најдобро што можат.rnrnЗарем не би било прекрасно да имате ваква личност покрај себе?