КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Автор: Сања СтојковскаrnrnНа сите ни е добро познато дека треба да пиеме многу вода и дека тоа е добро за нашето здравје. Но, честопати не ни се јасни точните причини зошто треба да пиеме вода. И иако во основа знаеме зошто треба да пиеме вода, кај многумина тоа не е вообичаена пракса.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?Во суштина, нам ни е потребна вода за да ја одржува телесната температура и да овозможи хранливите материи да си го најдат својот пат до органите и ткивата. Исто така, го потпомага транспортот на кислородот до клетките, ги елиминира непотребните материи и ги чува сите органи и зглобови.rnrnКонзумирањето на многу малку вода или губење на големи количества без да се направи нов внес, доведува до дехидрирање на организмот. Состојбите на блага дехидрација вклучуваат чувство на жед, непријатности во мускулите и зглобовите, болки во долниот дел од грбот, главоболка или запек.rnrnПокрај овие причини постојат и некои други причини што пиењето вода го прават прекрасно за вашата добра здравствена состојба преку целата година.rn
rn

Губење на тежината

rnВодата е една од најдобрите алатки за губење на тежината, првенствено затоа што може да замени многу високо-калорични пијалаци како газираните сокови, џус-соковите, алкохолот и слично. rnrnВодата е исто така одличен потиснувач на гладот. Нашиот мозок функционира на тој начин што честопати не може да направи разлика, па така кога мислиме дека сме многу гладни, всушност мозокот нè пренасочува да мислиме дека едноставно сме само жедни, па пиеме вода. Водата нема калории, нема масти, нема шеќер и не содржи јаглехидрати, што ја прави идеален напиток. Всушност, водата не содржи ништо лошо.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

Срцево здравје

rnПиењето доволно количество вода може да ја намали опасноста од кардиоваскуларни болести.rn
rn

Лек за главоболка

rnДополнителен симптом на дехидрацијата е главоболката. Во секојдневието и во реалноста, честа причина за главоболката е неконзумирањето доволно вода. Постојат и многу други причини за главоболка, но непиењето вода е доста типичен пример.rn
rn

Здрава кожа

rnПиењето вода значително влијае на чистењето на кожата на телото, а во многу случаи е голем фактор и за инстантно добивање на убав сјај.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

Зголемено ниво на енергија

rnДехидрираноста тотално ја исцрпува нашата енергија, па може да направи да се чувствуваме уморно.rn
rn

Решава дигестивни проблеми

rnНашиот дигестивен систем бара пристојно количество вода за да може храната да се апсорбира соодветно.rn
rn

Чисти од отрови

rnВодата е идеален партнер на човековото тело во процесот на отфрлање на сите отрови и непотребни материи од телото.rn
rn

Ја подобрува функцијата на мозокот

rnМозокот содржи отприлика 78% вода, и во него не може да се складира вода. Па затоа доста важно за здрав мозок е да конзумираме големо количество вода.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?rn

Го намалува ризикот за појава на рак

rnПиењето доволно количество вода го намалува ризикот за рак на дебелото црево за неверојатни 45%, го намалува ризикот за појава на рак на мочниот меур за 50% и дејствува на намалување на заканата од рак на дојки.rn
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.