Комплиментите се „подароци од срце“, но има луѓе кои тешко примаат убави зборови и пофалби на своја сметка. Поточно, 70 проценти од луѓето ги поврзуваат комплиментите со срам и неудобност. Понекогаш тие толку се срамат што поцрвенуваат и се појавува вознемиреност.rnrnДали сте забележале колку често на еден комплимент се надоврзува друг комплимент? „Ми се допаѓа вашата јакна.“ „Благодарам, мене ми се допаѓаат вашите чевли.“ Во други случаи пак, има отфрлање на комплиментот – кога некој е пофален за неговата работа, па го намалува неговото достигнување презентирајќи го како „тимска работа“.rnrn
rn
Зошто се случува ова?
rnКомплиментот предизвикува необичен пресврт во текот на социјалната интеракција. Сите ние, обично, не сме воспитни да кажуваме позитивни работи за себе и да се споредуваме со другите. Затоа ова може да го направи комплиментот непријатен.rnrnИсто така, има момент на социјална корист во скромноста како одговор на комплиментот. На многу начини, срамот е поприфатлив одговор на комплимент, а вознемиреноста што ја чувствувате може да биде предизвикана од вашето несвесно сознание дека баш така треба да се чувствувате.rnrn
rn
Не сте единствените
rnВо некои случаи, постои и сознание дека лицето кое го дава комплиментот не е искрено, па така непријатноста е уште поголема.rnrnЈавните пофалби, исто така, ја зголемуваат непријатноста. Се покажало дека анксиозноста се јавува во ситуации во кои човекот добива позитивно внимание.rnrnКога некој ви дава комплимент, не ви укажува само на тоа дека сте направиле добра работа. На тој начин ви укажува и на тоа дека ве набљудувал. Дури и кога ја одобрува вашата работа, потсвесно вие можеби се навраќате на дел од процесот за кој посакувате да не бил забележан. А, можеби сте загрижени и за развојот на случувањата во иднина или стравувате дека вашите перформанси можеби не се достојни за комплимент. Ако имате тешкотија при добивањето комплименти, нека ви биде утеха тоа што на многумина исто така им е непријатно.rnrnПостојат методи што можете да ги примените за комплиментите да ви помогнат да го поправите расположението, а не да ви предизвикаат срам.rn
Прифатете го комплиментот како да прифаќате подарок
rnКога некој ви дава комплимент, тоа ви носи повратна информација за тоа како вашите активности влијаеле врз него. Тој не ве прашува дали вие се согласувате со тоа, туку само ве пофалува. Обидете се да го прифатите тоа како што прифаќате подарок и ако сте храбри можете дури и да прашате кои се специфичните причини за упатувањето на комплиментот.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за значењето на машките комплименти.