КАФЕ ПАУЗА

Уникатни рачно изработени филиграни кои ја разгалуваат вашата душа

Дијана Тодоровски воодушевува на Фејсбук со прекрасните филигрански форми на накит. Нејзините изработки предизвикуваат восхит што резултира со огромен број лајкови и пофални коментари за нејзината работа од страна на посетителите на „Добро Ми Стои“.rnrnrnrnДијана веќе една година се занимава со изработка на филигрански накит од чисто сребро 990 (чистина на сребро). Во своите мали ремек-дела вклучува и полускапоцени камења за да добие дополнителна убавина. Инспирацијата ја црпи од италијанските модни трендови, но исто така и од богатото културно творештво на Балканските народи и посебно од богатата македонска култура.rnrnrnrnСекое парче е уникатно, неповторливо, резултат на моментална инспирација. За поедноставните форми се потребни неколку часа за изработка, а за покомплексните и до неколку денови. Филигранот го изработува во работилница во стара чаршија кај мајстор Аднан Рамадани, заедно со неколку свои колешки, уметнички надарени души.rnrnrnrnДоколку сѐ уште не сте наишле на Фејсбук-страницата на Дијана, почнете да ја следите уште веднаш.rnrnВо продолжение погледнете селекција од нејзиниот накит кој нам најмногу ни се допадна.rnrn

rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.