КАФЕ ПАУЗА

Водич низ машките комплименти: Што всушност тие ни кажуваат?

Водич низ машките комплименти: Што всушност тие ни кажуваат?

Нашите партнери дефинитивно знаат колку уживаме во комплиментите што ни ги даваат, па затоа и секојдневно се обидуваат да ни го подарат своето внимание и да ни кажат нешто што ќе ни го подобри расположението. Меѓутоа, често зад нивните наједноставни комплименти се крие некоја скриена порака, која ние не ја разбираме јасно.rnrnГи издвоивме неколкуте чести комплименти кои секоја жена ги добива од својот партнер и одлучивме да ги дешифрираме, со цел следниот пат да знаете точно што сака тој да ви каже.rn

Водич низ машките комплименти: Што всушност тие ни кажуваат?

rn

1. Супер ти се другарките!

rnСо оваа реченица тој обично се обидува да ви даде до знаење дека баш и не ужива во друштво на вашите пријателки, но во име на љубовта кон вас ќе се обиде да биде што пољубезен и порасположен кога треба да поминувате време заедно. Од друга страна, со ова ви става до знаење дека нема ништо против да се гледате со пријателките, сѐ додека нему не му го ускратувате потребното внимание.rn

2. Двата фустани ти стојат одлично!

rnСо оваа реченица вашиот партнер се штити од евентуална грешка, што е добар потег кога ќе се земе предвид неодлучноста на жените и нивната емотивност што може да настане доколку партнерот го направи „погрешниот“ избор.rn

3. Добро ти стои овој кармин.

rnКога коментира некои ситни детали, тој ви дава во знаење дека обрнал внимание на секој дел од вас и го цени вложениот труд за да изгледате убаво. Ова е една од најдобрите видови комплименти, бидејќи ви покажува дека тој навистина се труди и дека му е важно што правите или кажувате, бидејќи ги забележува дури и најмалите ситници.rn

4. Денес изгледаш многу убаво!

rnОвој комплимент е апсолутно точен од збор до збор. Кога ќе ви го каже тоа, тој ужива во вашата убавина во секој момент, што води до фактот дека зад овој комплимент се крие и сексуална желба за вас, која на секоја жена ѝ импонира.rn

5. Ммм, многу добро си го зготвила ова…

rnАко не ги избегнува оброците дома, тој навистина ужива во вашето готвење, што е комплимент за вашиот вложен труд.rn

6. Твојот совет навистина ми помогна!

rnТој внимателно ве ислушал сѐ што сте имале да кажете, ги цени вашата поддршка, внимание и разбирање, и навистина го прифатил советот што сте му го дале. Ова е најдобриот комплимент, но и гест кој можете да го добиете од вашиот партнер, бидејќи покажува колку навистина му значите и колку ве почитува.rnrnА кои се најубавите комплименти што можете да му ги дадете на вашиот партнер?