Чиа семките не се само модерна храна туку тие се столб на здравата исхрана. Имаат благ вкус и затоа лесно можат да се додадат во солени или слатки јадења. Нивната текстура е одлична, а со потопување во вода од нив се создава густа маса. Денес можат да се купат во сите супермаркети и мали продавници за храна, а се ставаат и во салати, компири, колачи и густи сокови. Еве зошто треба да бидат дел од секојдневните оброци!rnrn
rn
Содржат голем број хранливи влакна
rnСо внесување помеѓу 25 и 30 грама чиа семки секој ден ќе внесете 10 грама хранливи влакна. Тоа е дури 40% од дневните потреби, а ќе обезбедите и услови за развој на здрави бактерии што се неопходни за имунитет. Хранливите влакна влијаат на зголемување на здравиот и намалување на лошиот холестерол, па чие семките се важни и за здравјето на срцето.rn
Содржат омега-3 масни киселини
rnРастителните омега-3 содржат киселина позната под кратенката АЛА (алфа-линолеинска киселина) која ја подобрува циркулацијата и делува противвоспалително. Оттаму чиа семките можат да допринесат во смирување на воспалителните процеси на кожата, а им се од корист на сите што патат од воспаленија.rn
Добри се за коските
rnЧиа семките содржат неколку минерали што се клучни за здрави коски: калциум, магнезиум, фосфор и манган. Оваа комбинација од минерали со редовна здрава исхрана и физичка активност, ја штити густината на коските. Затоа чиа семките се посебно важни за луѓето што мора да ги избегнуваат млечните производи.rn
Како да ги јадете?
rnНајдобро е кога семките ќе се потопат во вода или млеко и така да ги искористите за подготовка на пудинг или десерт. Најдобро е да стојат барем 30 минути пред понатамошна употреба. Со натопување семето се „активира“ и така многу подобро можат да се искористат неговите драгоцени својства. Уште еден начин е да го смелете во прав, а таков можете да го додадете во кое било брашно и да го употребите за подготовка на солени и благи печива.rnrn
rnrnДознајте кои видови храна имаат најмногу железо.