КАФЕ ПАУЗА

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Доколку сте љубители на патувањето, сигурно отсекогаш сте сонувале да отидете на одмор во најудобниот авион што постои на светот. Авионската компанија Etihad Airways вложила малку повеќе труд од другите компании и таа нуди авион што може да се опише единствено како приватен „апартман“. Кој не би сакал вистински да ужива во патувањето и во врвната услуга?!rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnПред повеќе од една година, компанијата сосема малку го сменила изгледот на авионите. Првата трансформација ја доживеал авионот А380 кој наместо боите на знамето на Соединетите Арапски Емирате, добил интересна декорација во форма на триаголници на перките.rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnОвој авион е на два ката со седишта распределени во четири класи: Економска, бизнис, прва и „резиденс“ класа. Последната, луксузна класа се наоѓа на најгорниот кат во авионот.rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnВо „резиденс“ класата апартманите за двајца се наоѓаат десно од скалите и зафаќаат простор од 12 метри квадратни. Тие имаат по три соби, односно дневна соба (во која има трпезарија и мини кино), спална соба и тоалет со туш кабина и тоалетна шолја. Патниците од овие апартмани ги имаат на располагање вработените кои имаат завршено посебен курс во лондонскиот хотел Савој.rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnПатувањето во еден од овие апартмани од Абу Даби до Лондон чини околу 19.750 евра. Билетите мора да се купат една година однапред.rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnВака изгледа спалната соба со брачен кревет.rnrnКако изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?rnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете како изгледаат апартманите и за останатите класи…rnrn