КАФЕ ПАУЗА

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Без разлика дали преферирате рамни чевли или високи потпетици, изборот на чевли го открива вашиот карактер повеќе отколку што мислите.rn

Сандали со пониска потпетица

rn

Сандалите со ниска или средна потпетица се за девојките кои ѝ робуваат на модата. Овие модни снобови со задоволство ја следат модата, одошто да облечат нешто поконвенционално.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Рамни сандали со ремче околу зглобот

rn

Рамните сандали што имаат ремче околу зглобот се избор на девојките кои се понесени од моментот. Сепак, овие девојки се присебни и во секојдневниот живот најчесто ги имаат работите под контрола. Другите ги сметаат овие девојки како вечни деца во срцето.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Шарени сандали на платформа

rn

Девојките кои обожаваат да носат шарени сандали на плутена платформа, имаат слободен дух. Го привлекуваат вниманието на сите што се наоѓаат во нивна близина. Имаат подеднаков број пријатели и од двата пола.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Балетанки

rn

Балетанките се избор на класичните девојки. Нивниот начин на живеење, нивниот распоред и нивниот стил на облекување се безвремени и без посебни детали. Овие девојки би одбрале полароид наместо дигитален апарат, а нивниот избор, исто така, би бил Грејс Кели пред Гвинет Палтроу.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Сандали на платформа со ремче околу зглобот

rn

Девојките кои преферираат да носат сандали на платформа со ремче околу зглобот, секогаш се во тек со најновите модни трендови. Тие први го имаат најновото модно парче и токму овие девојки ги диктираат модните трендови во друштвото.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Сандали со Т – ремче

rn

Сандалите со ремче во форма на буквата Т се избор на девојките полни со самодоверба. Овие девојки зрачат со сексапилност и свесни се за сопствената појава. Не се плашат да флертуваат и знаат како да го добијат тоа што го сакаат.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Машки чевли

rn

Девојките кои се одлучуваат за модели кои потсетуваат на машки чевли, или уште познати како „бродски чевли“, се сметаат како машкуданки. Не само нивните чевли, туку и нивната гардероба е слична на машката. Овие девојки ги обожаваат спортовите.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Сандали со вкрстени ремчиња

rn

Сандалите со вкрстени ремчиња се за девојките кои го имаат епитетот „најдобри другарки“. Со својот нежен карактер и талентот за советување, овие девојки најдобро се снаоѓаат кога се опкружени со деца. Купувањето подароци за нив е една од најлесните работи.

rn

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

rnrn

Сандали со дрвена платформа

rnДевојките кои преферираат сандали со дрвена платформа се сметаат за навистина паметни. Тие имаат логично решение за секој проблем. Без разлика дали се на пазарот на акции или ја пресметуваат сметката во ресторан, овие девојки се непогрешливи кога станува збор за математика.rnrnЧевлите го откриваат карактерот на девојкитеrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.