Сопствениците на кучиња честопати се прашуваат зошто нивните миленици јадат трева. Постојат неколку причини – прво, биолозите тврдат дека јадењето трева е нормална појава за кучињата, дури и за нивните диви „роднини“ (како волците) во природата.rnrn
rnrnЧестопати кучето знае што му недостасува во исхраната, па затоа внимателно, преку избор на билки, го компензира она што му недостасува, објаснуваат ветеринарите.rnТревата може да биде добар извор на дигестивни ензими, калиум, хлорофил и растителни влакна. Затоа, не е неопходно да се крева паника секогаш кога кучето избра неколку вкусни стракчиња трева.rnrnКучињата понекогаш јадат трева од забава, бидејќи си играат на тој начин. Тоа не е проблематично, потенцираат ветеринарите, доколку тревата не е третирана со штетни пестициди.rnrnПостојат ситуации кога јадењето трева може да укаже на посериозни проблеми и ќе биде потребна помош од ветеринар бидејќи постојат моменти кога кучето јаде поголема количина трева без да одбере специфичен вид и потоа повраќа. Во овој случај најверојатно станува збор за гастритис или гастроентеритис, состојба која кучето се обидува самото да ја реши преку гадење и предизвикување повраќање.rnrnАко тоа го прави повремено, неколку пати годишно, не треба да се загрижувате. Кучето веројатно изело нешто што не му одговара и инстинктивно си помага, велат стручњаците.rnrnНо, ако забележите дека вашето домашно милениче редовно јаде трева и потоа повраќа, тоа сигурно има некаква форма на дигестивни проблеми и треба да се обидете да му ја промените исхраната, а доколку состојбата не се подобри, побарајте помош од ветеринар.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто не треба вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо.
Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест
