Секоја есен кожните здолништа одново и одново ги освојуваат нашите срца. Исто како кожните јакни, така и кожните здолништа станаа омилена класика и една од причините зошто ѝ се радуваме на есента. Сестрани, впечатливи и прилагодливи на различни стилови… Постојат многу причини зошто не излегуваат од мода, а за нивната популарност допринесуваат и новите тренди модели кои пристигнуваат секоја сезона.rnrn
rnrnВам ви преостанува да го изберете омилениот крој, должина и текстура, а за што и да се одлучите за оваа есен нема да погрешите. Се носат мини и макси модели, од брусена кожа или сјајна винила, баш како и разни силуети. А, само едно кожно здолниште во вашиот гардеробер носи низа нови модни комбинации.rnrn
rnrnАко сакате да играте на сигурно, комбинирајте го кожното здолниште со џемпер. Контрастот помеѓу различните текстури на ткаенини ќе ви дадат модерен и лежерен изглед, а ќе изгледате одлично со минимален труд.rnrn
rnrn
rnrnДодека не дојдат студените зимски денови, одлична комбинација ќе биде кожното здолниште со кошула или обична блуза. Без разлика што ќе изберете, вовлечете го горниот дел во здолништето, а врз него облечете тексас јакна или некоја друга наметка и ќе добиете совршена есенска модна комбинација за целиот ден.rnrn
rnrnУште една голема предност на кожните здолништа е тоа што се совршени за на работа, особено доколку станува збор за модел до колена. Независно од тоа дали ќе го комбинирате со некоја посвечена блуза или со обична бела блуза, работната елеганција ви е гарантирана.rnrn
rnrnГолем тренд за оваа есен е уште едно класично здолниште, па токму заради тоа погледнете како да го комбинирате тексас здолништето во текот на оваа есен.
Пристигна времето на кожни здолништа, а еве како ќе ги носиме во текот на оваа сезона
