Некои од нас израснале со своите баби и дедовци, други ги гледале само кога им оделе на посета. Сеедно, љубовта која ја чувствуваме кон нашите баби и дедовци е голема. Се рекло дека човекот ги сака своите деца, но уште повеќе ги сака своите внуци. Дали тоа е така, останува да дознаеме кога ќе ги дочекаме нашите внуци. Во меѓувреме, не можеме да одречеме дека взаемната љубов меѓу бабите и дедовците и нивните внуци е навистина голема. Еве зошто ги сакаме нашите баби и дедовци и зошто не смееме да заборавиме на нашата љубов кон нив.rnrn
rnrn1. Затоа што како мали нè носеле во продавница и ни велеле да си купиме сè што сакаме.rnrn2. Ни даваат верба во вистинската љубов и сродните души бидејќи неизмерно се сакаат речиси целиот свој живот.rnrn3. Секогаш кога ќе дојдат на посета или кога ќе ги посетат нивните внуци, ги готват најубавите јадења.rnrn4. Нè извлекуваат од кашата и нè бранат пред нашите родители.rnrn5. Не се срамат да бидат тоа што се, интересни се кога сакаат да се забавуваат со нас и можат навистина да бидат откачени.rnrn
rnrn6. Секогаш се на наша страна и секогаш нè поддржуваат.rnrn7. Никогаш не би ни се налутиле, но дури и да се случи тоа, не ни се лутат долго.rnrn8. Нивните правила најчесто не важат за нивните внуци – сте можеле дури и да ја јадете тортата на баба пред да биде послужена.rnrn
rnrn9. Бидејќи од нив сме ги добиле најубавите подароци за роденден.rnrn10. Би се откажале од сè за нас.rnrn11. Секогаш можат да ни помогнат кога станува збор за историјата, дури и да ни кажат приказни на кои посведочиле тие самите.rnrn12. Бидејќи никогаш не сме заминале од кај дедо и баба без да ни дадат џепарлак.rnrn13. Поради своето животно искуство најчесто имаат одговор на сè и ни ги даваат најискрените совети.rnrn
rnrn14. Бидејќи славеле со часови и денови на веста дека им се родил/а внук/а.rnrn15. Бидејќи нè сакаат безусловно.
Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?
