КАФЕ ПАУЗА

Зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?

Зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?

Бадемите се вистинска „ризница“ на хранливи материи. Богати се со витамини и минерали, а во помали количини и здрави масти. Но, пред сè, тие се многу вкусни! Сепак, пред да уживате во нивниот вкус, оставете ги натопени во вода преку ноќ.rnrnЗошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?rnrnПостојат неколку причини зошто е добро да ги оставите бадемите во вода преку ноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност. Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите доколку ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.rnrnГлавната причина поради која треба да ги оставите во вода е бидејќи на тој начин се намалува количината на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, што, од друга страна, може да ја намали апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување на големи количини полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот). На овој начин телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи и тие ќе бидат посварливи од вообичаеното.rn

Како да ги подготвите?

rnБадемите можете да ги чувате во вода 20 минути или неколку часа, но најдобро е 24 часа. Во стаклена тегла со капак ставете приближно 250 грама бадеми и прелијте ги со топла вода. По 12 часа сменете ја водата и оставете ги во теглата уште 12 часа. Теглата можете да ја чувате во фрижидер. Пожелно е и да додадете една до две лажички сол по промената на водата.rnrnОткако прочитавте за бадемите и начинот за нивна консумација, можеби ќе сакате да прочитате и за моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs