КАФЕ ПАУЗА

Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета

Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.rnrnmokjta-na-bademite-sovrshen-sojuznik-vo-sekoja-dieta-kafepauza.mkrnrnБадемите се преполни со монозаситени масти и витамин Е, кои штитат од лошите влијанија на УВ-зраците и Алцхамеровата блосет, тврдат дури 6 неодамна презентирани студии.rnrnЗа оние со ризик од дијабетес, бадемите на дневна база го регулираат нивото на глукоза во крвта.rnrnТие се исто така богати со минерали кои им помагаат на нашите коски да бидат јаки, а магнезиумот е важен за мускулите и за нервите, и плус го регулира крвниот притисок.rnrnЗа кожата, тука се групата флавоноиди кои се антиоксиданси и го подобруваат ефектот на витаминот Е заради што изгледаме младолико.rnrnЕдно истражување кое го водел д-р Керол О’Нил од Универзитетот во Луизијана во кое бил вклучен импресивен примерок од 24.0808 возрасни луѓе, потврдило дека со редовно внесување на бадеми доаѓа до подобрување на нашата психолошка состојба.rnrnЗанимливо е и тоа што со умерено конзумирањње на бадеми, учесниците во истражувањето не се дебелееле. Диетата со бадеми по 6 недели ја намалила масата околу стомакот и количината на сало.rnrnПрелиминарните резултати тврдат дека грицкањето бадеми ја намалува количината на масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболички синдром, со што автоматски се намалува шансата за срцеви болести и останати заболувања на крвните садови.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.