Покрај тоа што е многу вкусен, јогуртот е и многу корисен за нашето здравје. Препорачливо е да се консумира секојдневно поради неговите благотворни дејства. Ова се само пет од нив.rnrn
rn
Витка линија
rnЈогуртот е нискокалоричен и богат со калциум. Калциумот го поттикнува лачењето на хормонот кортизол, кој го олеснува губењето на вишокот килограми, додека аминокиселините во него помагаат при топењето на масните наслаги.rn
Бели заби
rnИако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува појава на кариес. Бидејќи е богат со калциум, јогуртот ја чува белината на забите, додека млечната киселина ги штити непцата.rn
Целокупно здравје
rnБлагодарение на корисните бактерии кои ги содржи, јогуртот нè штити од штетните микроорганизми. Доколку сакате да го регулирате варењето на храната и да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогнат јогуртите кои содржат посебна врста пробиотици. Поточно, пробиотиците делуваат како природни антибиотици и се многу корисни за спречување на настинки и развој на бактерии во организмот.rn
Витамини и минерали
rnМлечните производи се богат извор на протеини, минерали и витамини. Само една чаша јогурт изобилува со калциум, магнезиум, цинк, фосфор, јод, витамини Б5 и Б12 и многу други корисни материи.rn
Регулирање на притисокот
rnДури 70% од луѓето во организмот внесуваат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумерната количина на внесена сол доведува до повишен крвен притисок, како и до болести на срцето и бубрезите. Калиумот и калциумот во јогуртот го исфрлаат вишокот од сол внесен во организмот, а преку тоа го намалуваат и притисокот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
