КАФЕ ПАУЗА

Зошто денешните мажи се слаби, насилни и мрзливи?

Written by

in

,

Сигурно барем еднаш во животот сте го слушнале ставот дека не постојат повеќе „вистински“ мажи. Ретко кој знае да заврши ситни поправки во домот, немаат манири, не знаат ништо да сработат, не знаат да се однесуваа спрема жените. Можеби ова не треба да ве чуди, бидејќи во последно време татковците сѐ помалку се заинтересирани за децата, па така момчињата 90% од своето време го поминуваат со жени – во градинките и училиштата 95% од работниците се од женски пол. Доколку ни дома не поминуваат време со својот татко, нема да ги научат овие 4 клучни работи кои се потребни за момчето да израсне во вистински маж.rnrnat the beach having fun at sunset togetherrn

1. Победување и губење

rnВо денешно време, родителите често го „надополнуваат“ времето кое не го поминале со своите деца со скапи подароци. Тие мислат дека на овој начин ја завршиле работата. Ги задоволуваат нивните желби, сакаат да им го дадат најдоброто, но забораваат да ги научат дека составен дел од животот, освен победата, е и поразот. И дека поразот понекогаш е добар, бидејќи нè учи на важни лекции. Така добиваме разгалени мажи, кои во иднина не умеат да се изборат самите, туку чекаат сѐ на готово, исто како кај своите родители.rn

2. Однесување кон жените

rnИако поголемиот дел од мајките се обидуваат да му објаснат на своето машко дете дека девојчињата треба да се третираат со почитување, сето тоа останува на теорија, сѐ додека момчето не го усвои тоа низ личен татков пример, односно според начинот на кој тој се однесува кон својата мајка. Доколку мајката дава сѐ од себе за да му покаже на својот син дека убавото однесување кон жените е единственото исправно однесување, а момчето целото свое детство го гледа својот татко кој е дрзок, пцуе или ја тепа жената, тешко дека ќе научи нешто друго, и тоа е точката во која потенцијалниот џентлмен станува потенцијален насилник и човек без манири.rnrn2-zoshto-deneshnite-mazhi-se-slabi-nasilni-i-mrzlivi-nivnite-tatkovci-ne-gi-uchat-na-ovie-4-kluchni-raboti-www.kafepauza.mk_rn

3. Одбрана од закани

rnТаткото е најдобрата личност која може да го научи синот како да стане силен и како да се зазема за себе. Кога таткото ќе му објасни на момчето дека љубезноста не е знак на слабост, тоа многу полесно ќе го усвои отколку тоа да му го каже неговата мајка. Голем процент мажи, па дури и оние во развој, мислат дека жените се послаб пол и дека таква реакција се очекува од нив, но не и од мажите. Таткото многу лесно може да го научи својот син како да ги избегне конфликтните ситуации и тепачките.rn

4. „Машка работа“

rnДенешните момчиња ретко знаат да заменат светилка, а камоли да поправат шпорет, да го откачат лустерот, да променат гумичка на чешмата и слично. Сетете се на вашиот татко – тој најверојатно како и поголемиот дел од постарите мажи ретко повикувал мајстор, туку знаел самиот да ги заврши сите поправки во домот. Некои татковци мислат дека нивниот син не треба да го прави тоа, други пак не се интересираат да им го покажат истото, но како и да е, резултатот е неспособен возрасен човек кој и за наједноставниот проблем мора да побара мајстор.rnrnДоколку момчињата како пример го гледаат својот татко, тогаш девојчињата се потпираат на својата мајка. Затоа мајки, ова се најважните правила за воспитување вашите ќерки!