Пред да кликнете на овој наслов, можеби сте помислиле „Ох, не, уште еден чекор во шминкањето кој морам да го направам!“, меѓутоа навистина имаме добра причина зошто ја споделуваме со вас оваа златна информација. Всушност, можете да заштедите во користењето на течната пудра, бидејќи она што овие бази го прават е навистина сјајно. Погледнете за што се работи.rnrn
rn
1. Розова база
rnДоколку додадете розова база во вашата течна пудра или ја нанесете под неа, вашата кожа ќе заблеска и апсолутно ќе нема видливи траги од замор.rnrn
rn
2. Виолетова база
rnНа лицето, и тоа она уморното, честопати се забележуваат жолти дамки, кои нè прават помалку атрактивни. Базата во виолетова боја ќе го неутрализира сето тоа и најдобро би било да нанесете малку од неа под течната пудра, особено на челото, околу носот и на брадата.rnrn
rn
3. Зелена база
rnБез разлика какво црвенило имате на лицето, дали тоа се акни, капилари или дамки, зелената база, како и коректорот, успешно ќе ги неутрализира сите тие и ќе ја припреми кожата за нанесување течна пудра.rnrn
rn
4. База во боја на праска
rnБазата во боја на праска е сјајна за натурализирање на темните дамки и пеги, меѓутоа, може да ја користат само оние со посветла кожа. Сите оние со потемна кожа би требало да побараат појака нијанса, која потсетува на портокалово, па дури и на црвено.rnrn
rnrnСега кога знаете која база, кој проблем го решава, ќе ви биде полесно да ја изберете вистинската нијанса за себе и со сигурност ќе забележите голема разлика.