Курт Кобејн има свои обожаватели во сите генерации од неговото појавување, па сè до денес, но веројатно сè уште постојат некои вакви податоци од неговиот живот кои малкумина ги знаат.rnrn
rnrn
Не знаел што е Teen Spirit кога ја напишал Smells Like Teen Spirit
rnРемек-делото Smells Like Teen Spirit го добило насловот според дезодоранс. Пејачката Кејтлин Хана од Бикини Кил на ѕидот на собата на Курт напишала: „Курт мириса на Teen Spirit“, дезодорансот на неговата девојка. Тој не бил свесен за тоа, но реченицата му звучела револуционерно, па си направил песна според тоа.rnrn
Сменил повеќе религии
rnПо разводот на неговите родители, Курт станал многу проблематичен поради што татко му го пратил да живее кај негови пријатели. Кај нив го прифатил христијанството и редовно ја посетувал црквата, но подоцна почнал да практикува будизам и џаинизам.rnrn
Ги штител ЛГБТ луѓето
rnВо средно училиште имал пријател-хомосексуалец и поради тоа трпел навреди од хомофобичните соученици. Во дневникот напишал дека посакувал да бил хомосексуалец само за да ги нервира оние што го мразат, а низ градот со спреј пишувал графити „Господ е геј“.rnrn
Неговата девојка му била инспирација за некои од најдобрите песни
rnДодека бил во врска со Тоби Вејл, членка на Бикини Хил, Кобејн направил некои од своите најдобри песни кои се нашле на албумот „Nevermind“. Во меѓувреме раскинале, па тој сакал албумот да се подели на два дела: „Момче“ – песни за неговото детство, и „Девојка“ – песни инспирирани од Тоби.rnrn
rn
Тешко се справувал со гневот кога бил тинејџер
rnКурт многу драматично го доживеал разводот на своите родители. Прво се повлекол во себе, а потоа гневот го покажувал преку разни акти на агресија. Малтретирал деца на училиште, пишувал графити каде стигнал, и намерно губел борби во борење само за да го изнервира татко му, иако бил одличен борач.rnrn
Текстовите на песните не му биле важни
rnСекогаш се чудел поради „фројдовските анализи на неговите текстови“, иако тие немале некое длабоко значење. Тој сметал дека музиката зборува повеќе од текстот.rnrn
Неговите предци биле чевлари
rnПредците на Курт се од Северна Ирска и биле чевлари. Покрај ирското, тој има и шкотско и германско потекло.rnrn
Можно е да имал рак на стомакот
rnКобејн страдал од стомачни болки кои лекарите можеле да си ги објаснат само со можноста тој да боледува од некаква ретка форма на рак на стомакот. За жал, славниот пејач не се лекувал со лекови, туку „си олеснувал“ со хероин.rnrn
Преферирал комфор во облекувањето
rnНе му бил битен стилот, туку удобноста на она во што е облечен. На неговата венчавка бил облечен во пижами затоа што го мрзело да се пресоблече во костум.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
