Витаминот Д игра витална улога во одржувањето на целокупното здравје и благосостојба. Неговото намалено присуство во организмот предизвикува послаба апсорпција на калциум, што пак води кон заболувања на коските, како рахитис и остеопороза. Низа истражувања покажуваат дека недостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемена тежина, депресија, проблеми со срцето итн. Па, доколку во последно време се чувствувате изморено и депресивно, прочитајте ги ризик-факторите и симптомите на намалено количество на овој витамин во организмот, проследени со совети за подобрување на состојбата.rn
Ризик-фактори
rn
rnrnБременост: Витаминот Д е суштински за добар развој на коските и забите на бебето.rnrnТемна кожа: Колку е потемна бојата на кожата, толку поголема е потребната изложеност на сонце за апсорбирање на витамин Д.rnrn Престој во затворени простории: Доколку речиси цел ден сте во канцеларија или дома, веројатно организмот копнее за сонце.rnrnДебелина: Витаминот Д потешко се апсорбира кај луѓето со зголемена телесна тежина.rnrnЛекови: Некои лекови, како оние против епилепсија, може да предизвикаат разградување на витаминот Д дури пред организмот да има шанса да го апсорбира.rnrnВозраст: Како старееме, организмот станува сѐ помалку способен за синтетизирање на овој витамин.rn
5 знаци на недостаток од витамин Д
rn
rnrnЗамор: Никако не ви се станува од кревет? Доколку постојано сте летаргични, и покрај тоа што спиете доволно часови, можеби имате недостаток на витамин Д.rnrnСува кожа и кршлива коса: Ова е најочигледниот знак за намалено количество на витамин Д. Имате чувство дека секое средство за кожа или коса е едноставно немоќно.rnrnДепресија: Витаминот Д влијае и на расположението. Доколку сте редовно нерасположени, земајте суплементи, што ќе ви го покачат нивото на серотонин.rnrnБавно заздравување на рани: Ова не е само знак на сериозен недостаток од витамин Д, туку и на други здравствени проблеми.rnrnДоколку се пронајдовте во некои од точките, закажете преглед кај лекар, направете анализа на крвта и таа ќе покаже дали навистина се работи за намалено количество на овој витамин во организмот.rn
Што да преземете?
rn
rnrnСонце: Всушност, недостатокот од овој витамин не е ништо повеќе од недостаток од изложеност на сонце. Па затоа излезете надвор и уживајте во сончевите зраци!rnrnСуплементи: Доколку сте ноќна птица или сте постојано внатре, земајте суплементи, кои може да се најдат во форма на капсули или во течна форма.rnrnИсхрана: Нивото на витамин Д може да го зголемите и преку исхраната. На пример, преку консумирање на риба, жолчки од јајце, житарки, некои видови сирење и печурки. Сепак, ова не е доволно и мора да биде придружено со почесто изложување на сонце и земање на суплементи.rn
Придобивки од витаминот Д
rn
rnrnПо правилна терапија, ќе ги почувствувате следниве подобрувања.rn
- rn011
- Поздрава кожа
- Поздрава коса
- Посилни коски
- Подобрена состојба на забите
- Подобрено расположение
- Зголемена енергија
- Посилен имун систем
- Подобрена концентрација
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНе трошете уште една скапоцена недела од вашиот живот, борејќи се со лошото расположение и летаргијата. Уште денес направете анализа на крвта. Можеби така ќе го најдете решението што толку долго го баравте!