Протеините се важен дел од исхраната. Тие се одговорни за градењето мускули, за растот на косата и ноктите и учествуваат во создавањето на хемоглобинот кој го разнесува кислородот низ телото. Но бидејќи во последно време многу луѓе исфрлаат цели групи храна, важно е да знаете кои се знаците што покажуваат дека на вашето тело му недостасува оваа хранлива материја.
rn
Желба за благо
rnПротеините го задржуваат чувството на ситост и го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Ако нивото на шеќер во крвта не ви е нормално, можно е да чувствувате намалена енергија, што значи дека треба да го зголемите внесувањето протеини.rn
Намалена концентрација
rnБез доволно протеини, нивото на шеќер во крвта се намалува, па ја губите и концентрацијата. Протеините му помагаат на мозокот да остане фокусиран во секој момент.rn
Слабост во мускулите
rnАко сте забележале дека ви станува потешко да ги однесете намирниците од автомобилот до дома, тогаш виновен е вашиот начин на исхрана. Кога не внесувате доволно протеини, телото почнува да ги користи од мускулите и другите ткива. Со ова се намалува мускулната маса како и вашата сила, па може да имате проблеми со изведување дури и на наједноставните задачи.rn
Паѓање на косата
rnПротеините имаат важна улога во растот на косата и ја одржуваат цврстината на фоликулите на главата. Ако сте забележале дека ви паѓа повеќе коса од вообичаено, можеби треба да го зголемите внесувањето протеини.rn
Постојан замор
rnОвде станува збор за чувство на замор кое трае во текот на целиот ден. Доколку попладне чувствувате силна потреба за одмор, веројатно имате недостаток на протеини. Заморот не мора да е само физички, и менталниот недостаток на мотивација понекогаш е поврзан со намаленото внесување на протеини.rn
Чувство на глад
rnПротеините ве заситуваат и го потиснуваат чувството на глад до следниот оброк. Истражувањата покажале дека со консумирањето протеини за време на појадокот ќе си помогнете да јадете помалку храна во текот на денот.
Погледнете ги и работите кои би требало да ги знаете за протеините.

