КАФЕ ПАУЗА

5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот

Written by

in

,

Мастите околу лицето и вратот воопшто не изгледаат привлечно. Многу жени кои имаат малку пополни лице и врат се чувствуваат непријатно во својата кожа и се обидуваат на најразлични начини да ги отстранат. Некои пак, веруваат дека тоа не е можно, што е погрешно. Па, ако се пронајдовте во овие ситуации, во продолжение прочитајте кои се најдобрите начини за да се ослободите од нив.rn5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратотrn

1. Внимавајте на хидратацијата

rnВнимавајте на тоа колкаво количество вода внесувате во текот на денот. Пијте околу осум чаши вода на ден за да не ви бидат подуени рацете, лицето, нозете и стапалата. Научниците исто така ги поврзуваат овие проблеми внесување претерана количина шеќер и сол, па намалете малку и со нив во исхраната.rn

2. Внимавајте на исхраната

rnНекои алергиски реакции на храна, како што е синдромот на нервозно дебело црево или пак чувствителноста на глутен, може да придонесат за подуеност на лицето, а тоа е знак дека нешто не е во ред со вашиот дигестивен систем. Доколку се сомневате дека имате здравствен проблем за оваа состојба, консултирајте се со вашиот доктор за како да продолжите понатаму.rn

3. Водете здрав начин на живот

rnПромената на начинот на јадење и водењето здрав живот може да ви помогне да се ослободите од мастите на лицето. Јадете повеќе овошје, зеленчук и витамини, а намелете го внесувањето на преработени шеќери и сол. Исто така бидете сигурни дека консумирате доволно хранливи влакна за да му помогнете на вашето тело да се ослободи од холестеролот и вишокот вода.rnrn5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратотrn

4. Вежби за образите

rnПостојат вежби што ќе ви помогнат да го ослабете вашето лице. Една од нив вклучува поставување на палците на најмекиот дел под јаболкниците. Со помош на вашите прсти фатете што е можно повеќе од образот и повлечете. Потоа со помош на мускулите на образите вратете се назад. Повторете го ова 20 пати.rn

5. Вежби за вратот

rnРастегнете го вратот на тој начин што ќе ја повлечете главата од градите и ќе се протегнете колку што можете побрзо. Потребно е да ја повлечете главата наназад што е можно повеќе, а додека гледате во таванот држете ја устата малку отворена за да ги чувствувате затегнати мускулите во вратот. По 10 секунди вратете ја главата во нормална позиција. Оваа вежба практикувајте ја 10 пати на ден.