Најновиот извештај на Обединетите нации „World Happiness“ покажал дека најсреќните луѓе живеат на северот и токму од овие луѓе можеме да научиме како да се справиме со ниските температури, кратките денови и другите промени што ги носи зимата.rnrnФинска, Данска, Норвешка, Шведска и Исланд се на врвот на листата веќе четири години. Без разлика дали станува збор за политички права, чувство на безбедност, родова еднаквост или доверба меѓу граѓаните, тие секогаш се на прво место. Граѓаните на овие земји се соочуваат со зимски бури, силен ветер и кратки денови, но ништо од тоа не влијае на нивната среќа, бидејќи добро се справуваат со зимските услови и може да им послужат како пример на другите, особено на оние чија зима влијае на нивното расположение.rnrn
rn
Поминуваат време надвор
rnНема лошо време за Скандинавците, само лоша облека. Сè додека се соодветно облечени, не им претставува проблем да излегуваат на ниски температури.rn
Тие скијаат и уживаат
rnТие се опседнати со „убивање време со корисни работи“, па скијањето им е омилена социјална активност со која тие исто така вежбаат.rn
Тие ги осветлуваат просторите
rnСветлоста во просторијата значи многу. Со поставување на светилки или палење свеќи, тие на едноставен начин го осветлуваат домот и придонесуваат за зимската атмосфера.rn
Обожаваат зимска облека
rnДозволени се сите комбинации и модни изрази, се додека носите волна одоздола. Волнени чорапи, долна облека, дури и волнен градник.rn
Подготвуваат едноставни задоволства
rnВо зимските месеци, готвењето е популарно во Скандинавија. Седум видови божиќни торти секогаш ќе бидат на масата. Ѓумбирот, кардамонот и циметот ќе ја исполнат куќата со ароматични мириси, а уживањето во вкусовите им помага да ја поминат зимата.rnrnОбидете се да зборувате за зимата со помалку негативности и обидете се да уживате во малите нешта што ни ги носи таа: готвење, читање, тишина и мир кога паѓа снег и сигурно вашето расположение ќе биде многу подобро.rnrnПрочитајте ги овие 15 неверојатни факти за животот во Шведска кои сигурно не сте ги знаеле.