КАФЕ ПАУЗА

Дознајте колку е стара вашата душа

Дали сте старец или дете: Дознајте колку е стара вашата душа?

Што е тоа што нè прави толку различни едни од други? Што е тоа што ја прави една личност помудра од своите врсници, друга со поголема желба за моќ, а трета детинеста, и покрај истите години? Без разлика дали верувате во реинкарнација или тој поим ве иритира, ќе се уверите дека теоријата за староста на душата може да се примени на различни луѓе во вашиот живот.rnrnДали сте старец или дете: Дознајте колку е стара вашата душа?rnrnВелат дека животот е „патување“ и „училиште“ кое нè учи важни лекции. Но, зошто?rnrnДали некогаш сте размислувале за можноста дека лекциите кои ги учиме и мудроста која ја стекнуваме во овој живот се пренесува на нашиот следен живот? Можеби нашиот живот не е единствено патување на искуство, напредок и созревање – туку тотално свесно постоење?rnПа, што всушност е старосна доба на душата? Теоријата за реинкарнацијата ни вели дека човекот нема само една прилика за живот и учење. Тој има неколку животи во кои расте, учи и созрева.rnrnСтаросната доба на душата се темели на различни нивоа на напредок, кои душата ги добива во текот на своите реинкарнациски патувања. Како што личноста напредува на хиерархиската скала, исплатувајќи ја кармата, таа може слободно да се врати во единствена и бескрајна свест, доживувајќи конечно ослободување.rnrnНекои оваа состојба ја нарекуваат „нирвана“, некои „небо“, а други „рај“.rnПостојат 5 старосни доби на душата. Разбирањето на различните нивоа на човечкото постоење развива емпатија, разбирање и дава подлабок увид на животот. Старосните доби се подредени од „почетник“ до „напредно ниво“. Исто така постои и 6-та доба која ги надминува сите останати – постара душа. Во продолжение погледнете кои се тие доби и откријте во која припаѓате вие.rn

Душа на новороденче

rnПримарен фокус: Да се биде жив.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Основни животни вештини, опстанок, морталитет.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 0-4 години.rnrnОсновни карактеристики: Суровост, нетрпеливост, разиграност, возбуда, вознемиреност, едноставност, претпазливост, зависност од група луѓе, повлекување.rnrnЛичностите кои припаѓаат во оваа категорија се познати и како новородени души. Тоа се личности кои често се сметаат за неуки, детинести и невини, неспремни за сложениот живот. Бидејќи поседуваат едноставно разбирање кон животот и целосно безопасен пристап кон светот, новородените души тешко се прилагодуваат во „социјалните друштва“. Наместо тоа, тие претпочитаат познати групи, племиња и луѓе во дива и нескротлива околина.rn

Душа на дете

rnПримарен фокус: Припадност.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Социјална структура, правила, улоги, меѓучовечки односи.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 4-13 години.rnrnОсновни карактеристики: Хармонија, дисциплина, послушност, одредена улога, апсолутизам, прецизност, дисциплина, традиционализам, силни вредности.rnrnПознати како детски души, овие луѓе бараат значење, ред и стабилност над хаотичната и непостојана природа на животот. Често се сметаат за чисти, скромни и ригидни и имаат тенденција да бидат конзервативни, религиозни и да ги следат правилата. Нивните морални верувања се дефинирани со културен и традиционален морал или пак со религиозен состав.rn

Млада душа

rnПримарен фокус: Независност.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Личен развој, слободна волја, личен успех.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 13-29 години.rnrnОсновни карактеристики: Амбициозност, конкурентен дух, иновативност, материјална добивка, претприемништво, слобода, индивидуалност, егоцентричност, самоизразување.rnrnПознати и како адолесцентни души, овие личности често живеат со изреката „Ќе биде по мое или нема да биде никако“. Адолесцентната душа, исто како и адолесцентот, е во потрга по независност, друштвен статус и материјална корист. Во суштина, ова се луѓе кои носат промени и се одговорни за некои од најголемите напредоци во светот. Желни се за успех и се насочени кон надворешниот свет, па многу често тие се работохолици.rn

Зрела душа

rnПримарен фокус: Човечна хармонија.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Емпатија, психолошка стабилност, независност, самосвесност, односи.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 29-55 годиниrnrnОсновни карактеристики: Чувствителност, љубопитност, дипломатија, интроспективност, еднаквост, соработка.rnrnОвие личности често се во потрага по меѓучовечки и психолошки хармонии. Често се сметаат за невротични, но грижливи. Бидејќи се фокусирани на внатрешниот свет, многу често тие тешко се носат со комплексноста и лукавиот живот. Зрелите души се либерални, фокусирани на односите и големи визионери. Целта на нивниот живот не е само опстанокот, исполнувањето на својата улога и материјалната корист, туку и разбирањето, емпатијата и пријателството.rn

Стара душа

rnПримарен фокус: Духовно исполнување.rnrnЛекција која треба да ја научат: Независност, автономност, мудри совети, духовна свест.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 56+ години.rnrnОсновни карактеристики: Осаменост, духовност, одвоеност, филозофирање, хуманитарна работа, замор, немотивираност, емпатија.rnrnСтарата душа се појавува на крајот од инкарнацискиот циклус. Бидејќи оваа душа веќе ги искусила првите 4 фази на постоење, таа веќе го има заокружено знаењето за друштво, односи и воопшто за светот. Во оваа фаза, таа во секојдневниот живот не доживува интересни настани, па затоа поради тоа може да биде загрозена нејзината самодоверба. Со опуштен филозофски поглед кон светот, старите души зрачат со длабочина, мир и мудрост. Тие се фокусираат на самоисполнување и самореализација. За старите души, светот е испреплетена таписерија која се стреми кон станувањето „Едно“.rn

Постара душа (староседелец)

rnПостарите души се појавуваат на крајот на циклусот. Тие се разбудени суштества кои се обединети со вистинската божествена природа. Тие најчесто се нарекуваат „просветители“ или „духовни учители“.rnrnИако повеќето луѓе не се вклопуваат во целосност во некои од овие категории и често се преклопуваат со други, многу луѓе имаат тенденција да живеат во една душа повеќе од другите.rnrnПрочитајте и дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?