10 нешта што здравите луѓе ги прават пред спиење

Сподели

Сакате да се чувствувате добро? Тогаш пробајте правилно да спиете. Здравите луѓе знаат дека спиењето е витален дел од нивното здравје, па затоа и му даваат приоритет во својот живот. Во продолжение прочитајте неколку трикови кои треба да ги практикувате пред спиење, за секое утро да се будите одморени и подготвени за бурните денови.

Реклама

rn

1. Туширање

rnТелесната температура е многу важна при регулација на спиењето. Туширањето пред спиење помага многу при овој процес. Топлата вода има релаксирачки ефект и го подобрува квалитетот на спиењето.rn

2. Медитирање

rnОпуштете го вашиот мозок со неколку минутно медитирање. Оваа практика има бројни позитивни влијанија на здравјето, вклучувајќи го и спиењето. Обидете се да си кажете неколку мантри пред да се „фрлите“ во кревет, а придобивките ќе ги почувствувате уште следниот ден.rn

3. Водење дневник

rnТешко ви е да заспиете? Тогаш почнете да пишувате. Истражувањата покажуваат дека запишувањето на тоа што ви предизвикува стрес може да помогне во избиструвањето на вашиот мозок. И не само тоа, пишувањето помага при зголемување на мозочниот капацитет. Експертите тврдат дека токму затоа тоа е добар начин за побрзо заспивање.rn

4. Пиење вода

rnАлкохолот не придонесува кон добриот сон. Истражувањата покажуваат дека иако вечерната чашка можеби најпрво ќе ве успие, подоцна, во текот на ноќта, го нарушува спиењето. Обидете се наместо чаша вино, да се напиете чаша вода. На тој начин ќе се разбудите хидрирани и одморени.rn

5. Миење заби

rnАмериканската стоматолошка асоцијација препорачува миење на забите двапати дневно. Ако не го практикувате тоа, нечистотиите и бактериите брзо ќе се наталожат и ќе придонесат кон лошиот здив и влошување на здравјето на вашите заби.rn

6. Вежбање

rnИспотете се пред да легнете да спиете. Не само што вежбањето е корисно за вашето здравје, туку истражувањата покажуваат дека тоа помага полесно да заспиете и подобро да се одморите во текот на ноќта.rn

7. Ослобоување од модерната технологија

rnБлескавите екрани држете ги подалеку од спалната соба. Она што изгледа како безопасна навика пред спиење, всушност може да направи хаос во вашиот мозок и да го спречи добриот одмор. Истражувањата покажуваат дека синото светло кое зрачи од нашите телефони, лаптопи и телевизори може да го наруши нашиот циклус на спиење. Дури и неколку минути на Инстаграм пред да си легнете може да ви наштетат.rn

8. Внимателно исхранување

rnСтарите приказни велат дека јадењето пред спиење е штетно за вас, но всушност е важно како се храните. Поточно, доколку некое јадење го консумирате пред да легнете, може да ви го регулира шеќерот во крвта и да ви помогне полесно да заспиете. На пример, обидете се со киви. Се покажало дека овошјето помага да спиеме полесно и помирно.rn

9. Наоѓање соодветно место за милениците

rnЕкспертите тврделе дека спиењето заедно со вашите миленици го нарушува сонот, но последните истражувања велат дека милениците можат да помогнат за полесно да заспиете. Зависи од тоа каков сон имате. Ако имате лесен сон и лесно се будите, тогаш држете ги милениците подалеку од спалната.rn

10. Легнување навреме

rnЕкспертите препорачуваат да се спие седум до девет часа преку ноќ, па оттука е важно кога си легнувате. Ако сакате добар ноќен одмор, обидете се да легнете токму навреме за да ги исполните препорачаните часови за спиење.

Популарно

Може ќе ве интересира