Здрав и без конзерванси: Рецепт за домашен сок од вишни

Сподели

Сокот од вишни може да биде најдоброто освежување, особено за време на топлите летни денови. Денес ви споделуваме рецепт кој е здрав и без конзерванси, лесно можете да го подготвите, а можете да го искористите и како додаток во нови коктели.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 3 килограми вишни
  • rn 011

  • 1,5 литри вода
  • rn 011

  • 40 грама сок од лимон
  • rn 011

  • шеќер (колку литри течност толку килограми шеќер)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnПосипете ги измиените вишни со сок од лимон и додадете вода. Добро изгмечете ги со раце и исчистете ги од коските.

Оставете ги црешите во таа вода 24 часа, па процедете го сокот. Ако немате цедалка, можете да користите и газа.

Измерете ја количината на добиениот сок, па додадете ја истата количина шеќер. Со дрвена лажица измешајте го шеќерот додека целосно не се растопи. Доколку е поголема количина, се меша неколку пати во текот на денот. Откако шеќерот ќе се растопи, префрлете ја течноста во стаклени шишиња.

Дури и ако имате поголеми количини вишни, можете да ги замрзнете и потоа да направите нов, свеж сок во текот на целата година.

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за домашен сок, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домашен ликер од вишни.

Извор: citymagazine.danas.rs

Популарно

Може ќе ве интересира