Запомнете ги: 5-те најважни броеви што можат да ви го спасат здравјето

Сподели

Некогаш полесно, а некогаш потешко, но нашиот мозок може да помни многу важни броеви од секојдневниот живот. Овде спаѓаат телефонски броеви, важни датуми и слично. Но, постојат и броеви кои имаат навистина важна улога и кои можат да ви го спасат животот. Погледнете за кои станува збор.

Реклама

rn

1. Крвен притисок

rnВисината на крвниот притисок се менува неколку пати во текот на денот. Овие промени се нормални, а настануваат поради разните процеси во нашето тело. Но, болестите поврзани со крвниот притисок понекогаш се нечујни, а симптомите се појавуваат дури кога притисокот е многу зголемен или намален.

Важни броеви: Нормалниот крвен притисок кој овозможува нормално функционирање на организмот е 120/80 mmHg. Со текот на годините вредноста малку се зголемува, но никогаш повеќе од 140/90. Високиот крвен притисок е познат и како тивок убиец, па важно е редовно да го контролирате.rn

2. Холестерол

rnПовеќето од нас не се свесни колку може да се менува нивото на холестеролот и да предизвика опасност за нашето здравје. Холестеролот е маснотија во крвта без која телото не може правилно да функционира. Но, кога неговото ниво значително ќе се зголеми, тоа може да предизвика разни кардиоваскуларни болести.

Важни броеви: Нивото на холестеролот е составено од две вредности – LDL или лош и HDL или добар холестерол. Вкупната нормална вредност треба да биде помала од 5,0 mmol/L, а вредноста на лошиот холестерол помала од 3,0 mmol/L.rn

3. Тиреотропин (TSH)

rnТЅН е хормон кој се лачи од тироидната жлезда сместена во долниот дел од вратот и има влијание на функцијата на сите органи. Во овој случај најважна е хипофизата која со помош на ТЅН го поттикнува создавањето на хормони. Зголеменото или намаленото лачење на хормони од страна на штитната жлезда може да биде опасно за здравјето на целиот организам.

Важни броеви: Тироидната жлезда се контролира преку крвната слика, а вредностите за нејзината нормална функција се од 0,27 до 4,20 mU/L.rn

4. Шеќер во крвта

rnДијабетесот е хронична неизлечива болест која денес е навистина распространета. Таа настанува поради намалено лачење на инсулинот, со што се покачува гликозата, односно шеќерот во крвта.

Важни броеви: За да откриете дали нивото на шеќер во крвта е нормално треба да направите едноставен тест. Нивото на шеќер во крвта наутро пред појадок мора да биде помало од 5,5 mmol/L, а по оброкот не треба да биде поголемо од 7,8 mmol/L.rn

5. Калории

rnИако кога зборуваме за калории не мислиме на здравјето туку на нашата линија, дневниот внес е поврзан со дебелината, која пак е една од најраспространетите болести. Калориите ги внесуваме преку храната и пијалаците. Кога количината на внесени калории е поголема од потрошената енергија, организмот го претвора вишокот во масни наслаги. Таложењето на овие масни наслаги предизвикува дебелина, која пак може да биде причина за бројни други здравствени проблеми.

Важни броеви: Количеството калории што треба да го внесете зависи од годините, физичката активност и градбата на телото, односно од вашиот индекс на телесна маса. Просечната количина на калории е околу 2.000 дневно. Кај жените постари од 50 години оваа бројка може да биде 1.700, а кај неактивните луѓе уште помала.

Дознајте и кои проблеми со здравјето можете да ги откриете од вашите стапала.

Популарно

Може ќе ве интересира