Тироидната жлезда е наречена енергетски центар на телото и е регулатор на работата на сите клетки во телото, бидејќи хормоните што ги произведува таа директно влијаат врз метаболизмот на клетките, па затоа е многу е важно да се одржува здрава.rnrn
rnrnСпоред проценките на Светската здравствена организација, во светот има 2 милијарди луѓе кои страдаат од нарушување на работата на тироидната жлезда. Од нив, 20% се Европејци.rnrnКога станува збор за нерамнотежата на функцијата на тироидната жлезда, или нејзината дисфункција , овие две состојби се многу загрижувачки:rn
- rn 011
- Хипотироидизам – намалена функција на тироидната жлезда
- Хипертироидизам – зголемена функција на тироидната жлезда
rn 011
rn
rnБидејќи тироидните хормони го регулираат метаболизмот на целото тело, нивното зголемено или намалено лачење може да предизвика различни проблеми, од кои некои може да бидат сериозни.rnrnБројот на луѓе дијагностицирани со карцином на тироидната жлезда се зголемува, но ендокринолозите велат дека нема причина за грижа затоа што сега е зголемена достапноста на дијагностичките тестови, како што е ултразвукот на тироидната жлезда и тие може да детектираат јазли со дијаметар од само два или три милиметри.rnrnНо, лекарите од друга страна, потенцираат дека инциденцата на смртност од рак на тироидната жлезда не е зголемена, односно самата стапка на смртност од рак на тироидна жлезда е дури е во опаѓање.rn
Како да направите самопреглед?
rnЗа да се одржи здравјето на тироидната жлезда, односно да се спречат сите овие болести, важно е прво да се превенира состојбата.rnrnРазвојот на болестите на тироидната жлезда може да бидат предизвикани и од нашите навики како што се лошата исхрана, пушењето, изложеноста на стрес и слично.rnrnПокрај тоа што треба да се внимава на сето ова, може, исто така, да дејствувате превентивно со тоа што ќе направите самопреглед на тироидната жлезда.rnrnЗа самопрегледот, според лекарите, ви треба огледало и чаша вода.rnrnЗастанете пред огледалото, малку поднаведнете ја главата и напијте се вода.rnrnДодека голтате, обидете се со прстите да почувствувате дали има оток.rnrnАко забележите нешто сомнително за време на самоиспитување или ако генерално се сомневате дека имате болест на тироидната жлезда, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар и да направите анализа на крвта, како и други неопходни прегледи и да започнете со процесот на лекување што е можно поскоро, доколку постои проблем.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 6-те самопрегледи што секоја жена треба да ги направи.