Доколку сакате да бидете први и да ги испробате сите трендови кои се предвидени дека ќе ја одбележат новата сезона, еве една нова домашна задача – променете ја бојата на косата. Во суштина, секако дека бојата за коса ќе ја изберете во согласност со сè, само не со актуелните трендови (ако не ви одговараат, во што е и поентата), но добрата работа е во тоа што, ако на пример сте русокоси, може да изберете некоја друга нијанса на руса коса која е во тренд, без премногу да го менувате личниот опис. Токму поради тоа, со вас споделуваме тенди „зимски“ бои за коса во три класични категории, а вие самите пронајдете го она што најмногу ви се допаѓа.rnrn
rn
1. 50 нијанси руса
rnРусата боја дефинитивно ќе биде хит за оваа зима, но дали оваа боја на коса воопшто некогаш излегува од мода? Па, тешко. Сепак, оваа зима ќе имаме многу поголем избор кога е во прашање русата нијанса, а Кара Делавињ, Блејк Лајвли, Коко Роша, Џенифер Лоренс и останатите русокоси убавици може да бидат музи, но и помош кога станува збор за изборот на русата нијанса. Во согласност со вкусот, избирајте топли, природни нијанси или пак оние со ладен, сив отсјај, а сенчењето на косата во повеќе тонови на руса, исто така може да биде вашето тајно оружје. Која русокоса најмногу ви се допаѓа?rnrn
rn
2. Смела црвена или нежна нијанса на ѓумбир
rnЦрвеникавите бои за коса, па дури и оние портокаловите, во нијанса на ѓумбир, не се баш за секого, но факт е дека се во тренд. Доколку сте смели бринети, тогаш испробајте впечатлива бордо нијанса како онаа на Лили Колинс, а доколку сте русокоси што сакате мала промена, макар кога е косата во прашање, испробајте нежна нијанса на ѓумбир. Со сигурност ќе бидете забележани и поразлични!rnrn
rn
3. Таинствена црна
rnИма нешто неодоливо во црната коса и светлиот тен, па доколку сакате драстична промена, иако сте бледи, тогаш одберете баш таква, темна боја на коса. Може да изгледате впечатливо, но исто така сетете се на Снежана (Снежана и седумте џуџиња) или на Кендал Џенер. Таинствено, опасно, заводливо… Доколку сакате таков ефект, тогаш изберете црно! Или пак, можете да изберете и темно кафеава. Но, баш темна!rnrn