КАФЕ ПАУЗА

Ѕвездени колачиња за сладок дочек на Новата година

Љубов на прв поглед

rnrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 300 грама брашно
  • rn 011

  • 200 грама путер
  • rn 011

  • 100 грама шеќер
  • rn 011

  • 2 кафени лажички ванилин шеќер
  • rn 011

  • 1 јајце
  • rn 011

  • 50 грама мармалад (за најдобар вкус: од кајсии или сливи)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзмешајте ги брашното, путерот, шеќерот и јајцето и направете тесто што потоа ќе го замотате во фолија и ќе го ставите во фрижидер на еден час за да се олади. Потоа извадете го и направете ги формите со ѕвезден калап. На половина од нив, со помал ѕвезден калап, отстранете ја средината, па наредете ги врз оние што се целосни така што нема да ги покриете краците.rnrnСтавете ги да се печат во однапред загреана рерна на 180 степени Целзиусови и почекајте 10-тина минути. Извадете ги од рерната, оставете ги да се оладат на собна температура и потоа ставете им го мармаладот во средината. На крај просејте шеќер во прав и послужете.rnrnАко сакате да добиете поинтензивен вкус, во оригиналниот рецепт додајте изрендана кора лимон, прстофат цимет и смелени бадеми.rnrnВнесете го новогодишниот дух во вашиот дом и со помош на овие медени колачиња.