КАФЕ ПАУЗА

Испробани начини за сечење кромид без да ви солзат очите

Испробани начини за сечење кромид без да ви солзат очите

Сите луѓе не се подеднакво осетливи на тешките материи кои ги испушта кромидот при сечкањето, а кои доведуваат до печење и солзење на очите. Според тоа, некои методи може да се погодни за вас, други може да не се. Ги избравме најдобрите тестирани начини за сечење кромид без непријатен ефект на река од солзи, печење и иритација.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrn

Сечете го кромидот под аспиратор

rnНаместете ја даската за сечкање на шпоретот и вклучете го аспираторот за готвење. Тој ќе го влече иритирачкиот гас од кромидот заради што ќе чувствувате помалку иритација на очите. Зависно од сензитивноста на вашите очи, може да почувствувате печење, но голема е веројатноста дека ќе успеете да исечкате цела главица без да пуштите ни солза.rn

Џвакајте мастика додека сечкате

rnОвој трик не бара никакви посебни предуслови и може да не биде сосема ефективен, но вреди да се проба. Може да чувствувате иритација и печење на очите, но веројатно ќе успеете да сечкате околу 2 минути без да заплачете.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrn

Замрзнете го кромидот 15 минути пред да го сечете

rnОвој трик е фантастичен, и тоа не само заради тоа што вам ќе ви го направи сечењето поудобно, туку и заради тоа што и останатите во просторијата нема да го почувствуваат непријатниот мирис од кромидот. Треба однапред да го испланирате времето потребно за замрзнување и да внимавате да не го заборавите кромидот предолго во замрзнувачот. Ладното ќе го спречи испуштањето на хемикалиите од кромидот кои го предизвикуваат иритирачкиот ефект на очите. Кромидот ќе има ист вкус, само може да ви биде малку потврд за сечење и за лупење на лушпата.rn

Носете очила за пливање

rnОсвен што ќе изгледате чудно во кујната, овој трик функционира одлично. Исто така може да биде проблематично доколку веќе носите диоптриски очила, но дури и така, можете да се обидете да ги ставите нив над оние за пливање. Ова ќе ви даде уште почуден изглед, но барем ќе завршите работа без солзи. За многумина, и контактните леќи делуваат заштитно и оневозможуваат јаките гасови од кромидот да дојдат до очите.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrn

Чувајте го кромидот во фрижидер

rnОвој метод функционира слично како претходниот, со тоа што има две негативни последици: може да влијае на расипување на останатата храна во фрижидерот доколку се чува предолго таму и кромидот нема да го има оној крцкав ефект кога ќе се зготви. Наместо постојано да го чувате во фрижидер, можете да го ставите да се излади 30 минути пред сечење. Може да осетите печење и наводнување на очите, но нема да заплачете. Ако вообичаено само солзите при сечење кромид, а не чувствувате печење, овој трик е добар за вас.rn

Потопете го кромидот во вода

rnИзлупете го кромидот и исечете ги краевите. Потопете го во сад со вода и оставете го да постои 15 минути за да ги извлече сулфурните состојки во неа. Потоа, извадете го кромидот и сечкајте го без солзи и без јако печење на очите. Недостатоци од примена на овој трик се тоа што кромидот ќе биде полизгав и ќе изгуби од својот вкус.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrn

Сечете го кромидот под млаз вода

rnОвој метод е ефикасен како претходниот со таа разлика што кромидот уште повеќе се лизга, а млазот бутка и многу од веќе исечканите парчиња. Ефикасно ја спречува иритацијата и солзењето, но не е многу практичен за изведување.rn

Други трикови и методи

rnОтстранување на конусен дел од кромидот  Некои сугерираат дека со отстранување на конусен дел од долната страна на кромидот (кај коренот, 1/3 во ширина и 1/3 во длабочина) го елиминирате делот во кој се содржани најголем дел од материите кои ја предизвикуваат иритацијата.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrnrnПалење свеќа во кујната – Некои предлагаат да запалите свеќа пред сечењето, но тоа повеќе ќе ја впие миризбата, додека сè уште ќе го има непријатниот ефект врз очите.rnrnДржење на јазикот на врвот од устата и дишење со отворена уста – Овој метод би требало да оневозможува иритирачките материи да дојдат до вашите очи.rnrnКористете остар нож – Со остар нож и подобрување на вашата техника на сечење, помалку ќе го гмечите кромидот и со тоа помалку ќе се испуштаат материите кои предизвикуваат иритација. Дополнително, побрзо ќе завршите работа, па непријатното чувство пократко ќе трае.rnrnНе фаќајте ги очите додека сечете – Не тријте ги очите кога ќе почнат да ве печат. Соковите кои ги испушта кромидот се на вашите прсти и со тоа ги носите директно во вашите очи.rnrnИспробани начини за сечење кромид без да ви солзат очитеrnrnКупувајте сладок кромид – Сите видови кромид немаат ист ефект врз очите. Слаткиот кромид предизвикува помала иритација од белиот, црвениот и жолтиот.rnrnЧувајте го кромидот за последен – Завршете со подготовка на сите други состојки и оставете го кромидот за на крај. Така ќе поминете многу помалку време во кујната низ која се раширени иритирачките материи во воздухот.rnrnКолку повеќе сечете, толку повеќе станувате отпорни – Со тек на време, вашите очи ќе стануваат поотпорни и помалку ќе плачете. Па ако ниеден трик не функционира за вас, единствено што ви преостанува е да бидете упорни и да чекате полесни денови во кујната.