Ги превртуваме плакарите, одиме на шопинг и ги следиме светските модни сцени. Црпиме идеи, но некогаш инспирацијата не ни доаѓа. Затоа подготвивме 13 предлози кои ќе ги свртат сите погледи кон вас. Модните критичари ќе ви симнуваат капи, а блогерите ќе ви се восхитуваат на храброста. Погледнете.rnrn
rn
1. Крзно
rnИако станува збор за пролет, крзното знае да се вклопи и во пролетните комбинации, ако знаете добро да го комбинирате. Плус, сѐ уште е ладно за лесна облека.rnrn
rn
2. Близначки
rnОвој тренд е многу популарен оваа сезона. Модните парови го прават ова често, но им успева и на најдобрите пријателки. Затоа договорете се да се облечете исто со вашата најдобра пријателка и свртете ги сите погледи кон вас.rnrn
rn
3. Цела во бело
rnЌе изгледате како ледената кралица! А на кралицата сите ѝ се поклонуваат.rnrn
rn
4. Пантолони со широки ногавици
rnЗаменете ги тесните ногавици со пар широки. Без разлика дали се фармерки, кожни, еднобојни или шарени, тие се апсолутен хит оваа сезона.rnrn

rn
5. Портокаловата е новата црна
rnСилна боја за силни луѓе. Без разлика дали ви се допаѓа или не, оваа идеја нема да помине незабележана.rnrn
rn
6. Слоеви, слоеви…
rnЗошто да носите едно парче, кога може да носите две? Спојте ја омилената кожна јакна, со палто над неа и добивате совршен изглед.rnrn
rn
7. Кралско сина
rnДоминантна боја која владее по улиците во сите комбинации и варијанти. Најдобра идеја: волуменозно палто.rnrn
rn
8. Патики со сѐ
rnМодна недела без патики? Е не може. Освен на Њујоршката модна недела, тие беа видени и на Париската и на Миланската. Се држат силно меѓу бројните нови трендови и не го предаваат лесно своето место. Кежуал, спортски стил или отмен фустан, ваш е изборот.rnrn
rn
9. 50 нијанси на сиво
rnМожеби не сте фан на книгата или филмот, но комбинациите со сиви парчиња за во пролет ќе внесат новитет во вашиот изглед.rnrn
rn
10. Волуменозни кожни јакни
rnОваа сезона заборавете на тесните модели и облечете кожна јакна со широк крој. Изгледа неодоливо.rnrn
rn
11. Војничка зелена
rnВојничко зелената боја е задолжителна за оваа пролет. Малку е тешко да го најдете совршеното парче во оваа боја, но верувајте тоа ќе се појави кога најмалку го очекувате. Можеби во форма на бомбер јакна, палто, пантолони или здолниште… никогаш не се знае.rnrn
rn
12. Голема марама/шалче
rnБидејќи сѐ уште е ладно, сепак има потреба од топли работи, а што е подобро од топло шалче или марама? А, ако е големо/а тогаш уште подобро!rnrn
rn
13. Сокријте се зад убав шешир
rnШеширите освен што имаат посебен шарм, ќе го скријат вашето лице од штетните зраци и најважното, тие имаат моќ да го променат целиот изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn
