Сте избрале нов фустан, сте нанеле вечерна шминка и елегантна фризура и сѐ е подготвено за вечерното излегување. Но, што кога во текот на ноќта вашата маскара повеќе не е на трепките, слаткиот шампањ заврши на вашата коса, а обетките на подот? Не грижете се, со помош на овие мали SOS трикови ваквите проблеми ќе станат минато.rnrn
rn
6 производи кои мора да ги имате во вашата чанта:
rn
- rn011
- коректор за подочници или течна пудра
- хартиени марамчиња
- крема (тестер или мало пакување)
- кармин или сјај за усни
- огледалце
- чешелче
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
1. Размачкана маскара
rnБез разлика дали излегувате на отворено, па ви солзат очите или пак сте во затворен објект, вечерното излегување не може да помине без размачкана маскара.rnrn
rn
Решение:
rnНе мијте го лицето со сапун и вода, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата и постои голема веројатност сапунот да заврши во вашите очи. Одете до тоалетот, земете хартиено марамче или парче тоалетна хартија и врвот намачкајте го со крема. Лесно тапкајте ги дамките од маската и избришете со сувиот дел. Местото покријте го со малку коректор или течна пудра.rn
2. Алкохолен пијалак во косата
rnВесела музика, добро расположение, танцување и гужва многу лесно може да резултираат со прелиен пијалак кој во тој момент се нашол во вашата фризура. Како да го спречите неудобниот мирис од алкохолниот пијалак и да ја спасите вашата фризура која внимателно сте ја направиле?rnrn
rn
Решение:
rnРеагирајте додека вашата коса е сѐ уште мокра. Намокрете го чешелот и нежно исчешлајте го намокреното место. На чешелот ставете малку крема и повторно исчешлајте. Избришете го чешелот и уште еднаш со него поминете низ косата. Вашата коса нема да остане леплива и што е најважно нема да мириса на алкохол.rn
3. Изгубено копче од обетка
rnСвечените обетки се совршен детаљ со елегантната облека и фризура, но често се случува копчето кое ги држи обетките да исчезне. Доколку ви се случи ваква незгода, немојте да ги извадите обетките, туку употребете ја фантазијата и бидете снаодливи.rnrn
rn
Решение:
rnПобарајте од келнерот парче лимон или уште подобро лимета и отидете до тоалетот. Со помош на ноктите скинете мало парче од кората и добро исушете го со хартиено марамче. Ставете ја обетката на увото, а парчето набодете го на игличката од обетката. Тоа ќе послужи како копче и што е најважно ќе издржи во текот на целата ноќ, а вие можете мирно да танцувате и да уживате во добрата забава.rnrnДоколку сте во потрага по трикови кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате убаво и негувано, тогаш задолжително прочитајте ги овие генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот.