Оние од вас кои сè уште немале прилика да ја гледаат уникатната ТВ серија „Убави мали лажливки“, почнете веднаш бидејќи со сигурност ќе ви се допадне. Станува збор за четири најдобри другарки кои постојано ги вознемируваат СМС, имејл или пораки напишани на огледало со кармин од анонимен испраќач, кој ги знае сите нивни најмрачни тајни. Пресвртот се случува како резултат на тоа што тие тајни ги знаела само нивната петта најдобра другарка Алисон, која неодамна е убиена, а убиецот е сè уште на слобода. Многу недоговорени прашања има во оваа серија. Дали Алисон ги споделила тајните со некој друг? Дали е таа сè уште жива? Ако не, кој ја убил?
Популарната тинејџерска серија во себе содржи многу мистерија, неизвесност, немир, скандал и секако – стил. Модата во ова ТВ шоу е особено запазена и го привлекува окото на гледачите, бидејќи секоја од девојките кои ги играат главните улоги, има посебен, дефиниран стил на облекување, кој е препознатлив и уникатен сам по себе.rnrnВо овој текст ќе се задржиме на софистицираниот стил на Арија Монтгомери, кој има „позрела нота“ во однос на нејзините другарки. Таа обожава да се облекува во слоеви, комбинира различни материјали и шари и има тенденција да се држи до потемните тонови. Арија има женствен, но боемски стил, а границата е поставена на местото каде започнува уникатноста и препознатливоста.
rn
Како да се облекувате како Арија?
rnЗа Арија експериментирањето со стилот на облекување не е ништо ново. Таа се облекува софистицирано, комбинирајќи парчиња облека изработени од разни материјали (кожа, кадифе, шифон), кои совршено ги комбинира со урбани, шик потпетици до глужд со патент, чанта со рачка од синџирче, декоративни чорапи до колена или моторџиски високи чизми. Секогаш постои една женствена дискретност во изгледот на Арија. Таа често носи фустани и здолништа, но ги комбинира со „бунтовнички“ модни додатоци, кои ја „убиваат“ класичноста и ù даваат секси изглед.
rn
Темни бои
rnАрија се облекува во многу слоеви, носи парчиња облека со интересен дезен, изработени од различни видови материјали, но никогаш не носи светли бои. Нејзиниот плакар е исполнет претежно со есенски бои: црна, кафена, сива, вино-црвена, модро-виолетова.rn
Бидете смели и пробајте го невообичаеното
rn
За да се облекувате како Арија, треба да имате чувство за авантура кога станува збор за облеката. Размислувајте надвор од вообичаеното додека ги правите комбинациите. Играјте си мешајќи различни стилови. Не грижете се со размислување за тоа што другите носат. Поставете си свои трендови. Сакате да облечете мрежести доколенки? Слободно! Како што Арија ни прикажува во серијата, секој треба да си се облекува за себе, а не за другите.
rnrn
Барајте облека со уникатни додатоци
rn
Ви се допаѓа како звучи: вечерен фустан со ремен со голема тока под градите, со врвки на шнирање на грбот или со прерамки од синџирче? Арија го има пробано сето тоа. За да го преземете вечерниот стил на облекување од неа, инвестирајте во парчиња облека што имаат богати детали, кои ќе даваат изразит акцент на вашиот стил. Деталите се тие кои ќе ве направат различни од останатите девојки во градот.
rnrn
Облечете ги нозете
rnХулахопки, дебели и тенки чорапи до колена, над колена, како и чорапчиња до глужд се работи кои морате да ги имате во вашиот гардеробер, доколку сакате вашиот стил да наликува на оној на Арија. Чорапите ги одржуваат нозете топлички во зима, а истовремено можат да се комбинираат со изобилие од обувки. Продолжете им го животот на вашите омилени сандалки – амазонки од минатото лето, со тоа што ќе ги носите со убави чорапчиња.rn
Помешајте стилови
rnКомбинирајте различни ткаенини, бои и шари. Облечете памучен фустан со кожна јакна, кариран фустан со плетено болеро или свилен фустан со провидна наметка. Ова се само примери за тоа како Арија се облекува во слоеви и ги меша различните стилови гардероба.
rn
Обележете го вашиот стил
rnСте забележале како Арија честопати комбинира здолништа со кожна јакна? Пронајдете го оној стил кој вам најмногу ви се допаѓа и ви прилега и таквите модни комбинации направете ги дел од вашиот секојдневен стил за да бидете препознатливи.
rn
Носете чизми од секаков вид
rnЧизмите се суштински дел од зимската гардероба на секоја девојка. Различните видови чизми можат инстантно да го трансформираат вашиот изглед. Цветен фустан изгледа сосема различно кога е облечен во комбинација со моторџиски чизми, а „кежуал“ изгледот составен од фармерки и маица добива сосема друга димензија во комбинација со стилето потпетици (со многу тенка штикла). Арија преферира да носи попредизвикувачки високи чизми во т.н. „моторџиски“ или „тракторски“ стил. Таа умее да создаде одлично урамнотежен женствен, а сепак шик изглед кога интересните парчиња облека ги комбинира со полу-високи антилопски чизми, кои се добитна комбинација за сезоната есен-зима.rn
Како Арија го одржува „природниот изглед“ на лицето?
rn
И покрај својата природна убавина, Арија не штеди на шминка. За во училиште таа целосно ги шминка очите и секогаш ги здебелува усните нанесувајќи балзами со длабоки тонови. Арија исто така има и прекрасна коса. Нејзините локни се раскошни и блескави. Со еден збор, Арија е извонредна.rnrnЕве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате како Арија:rnrnНека моливчето за очи стане ваш најдобар пријател. Доколку сакате да ги истакнете очите, моливчето секогаш може да ви помогне. Исцртувајќи ги очите со црно или темно кафено моливче како Арија, веднаш го подобрувате вашиот изглед. Исцртајте ги очите од крај до крај, колку што можете поблиску до окото, а потоа здебелете ја линијата на аголот од окото, за да добиете подобар ефект. Кога го исцртувате долниот капак од окото направете само тенка линија. Некои девојки избегнуваат да нанесат моливче на „водениот дел“ (на внатрешноста од долниот капак) од окото, но сепак тоа е личен избор.rnrnТрепките на Арија секогаш се темни, густи и секси. За да ги направите трепките исти како нејзините, употребете маскара за згуснување на трепките, навиткувач за трепки и чешелче. Започнете со виткање на трепките. Потоа нанесете маскара од почетокот на трепките кон увото. За да добиете поголем волумен нанесувајте ја маскарата оддолу-нагоре повеќекратно. Финиширајте со чешелчето кое обично го има на другата страна од чешлето за веѓи.
Употребувајте сенки во темни мат бои, но сепак природни нијанси. Арија нанесува многу сенка, но никогаш не изгледа непристојно и упадливо, затоа што употребува матно природни нијанси, како кафена и сива. Палетата сенки која ви е потребна треба да содржи координирани нијанси. Започнете со средна нијанса од некоја боја и нанесете ја на целиот капак до коските под веѓите. Потоа, со четкичка нанесете ја следната потемна нијанса, започнувајќи од надворешниот дел на капакот кон централниот и размачкајте нежно со прст. На крајот нанесете ја најсветлата нијанса во аголот на капакот и под веѓата.rn
Намачкајте ги усните со темна, богата боја во мат нијанса која одговара на вашиот тен. Доколку сакате да ги навлажните усните употребете балсам, наместо сјај.
rnОбојте ги ноктите неутрално, но сепак да бидат забележливи. Пробајте со темно сива, длабока црвена, сиво-кафена или сливова боја.
