Во модата не постојат правила. Важно е тоа што го носите да биде удобно, да ви се допаѓа, да одговара на обликот на вашето тело и карактер. Секој од нас би требало да има и негува свој единствен и препознатлив стил на облекување.rnrn
rnrnТестот кој следува ќе ви помогне да го одредите вашиот стил, се разбира, доколку одговорите објективно. Отворете нов текстуален документ на вашиот компјутер или земете лист и пенкало и запишувајте настрана.rnrn
1. Најдобро се чувствувате облечени во:
rnа) долг провиден фустанrnrnб) кошула и плетени џемпериrnrnв) облека која е во трендrnrnг) фармерки и обична маицаrnrnд) тренеркаrnrn
2. За викенд најмногу би сакале:
rnа) да одите со партнерот на романтичен викендrnrnб) да играте тенис во клуботrnrnв) да пиете кафе во некоја кафетеријаrnrnг) да направите вечера за пријателитеrnrnд) да отпатувате некаде со целото семејствоrnrn
rn
3. Кој моден додаток најчесто го носите:
rnа) шнола за косаrnrnб) бисерен ѓерданrnrnв) модерна чантаrnrnг) големи очила за сонцеrnrnд) класична чантаrnrn
rn
4. Која боја е најзастапена во вашата гардероба:
rnа) белаrnrnб) сина и интензивни боиrnrnв) црнаrnrnг) неутрални и неупадливи боиrnrnд) повеќе бои, но повеќето се неутралниrnrn
5. Кои чевли би ги носеле секој ден:
rnа) балетанкиrnrnб) мокасиниrnrnв) со високи потпетициrnrnг) со рамни потпетициrnrnд) патикиrnrn
rn
Резултати:
rn
Најмногу одговори под а):
rnВие сте боемски тип кој сака да се облекува во удобна и поромантична облека, како што се топ, здолниште или фустан. Сакате да сте убави, но и да ви биде удобно. Голем дел од облеката што ја носите преку ден ја облекувате и за вечерно излегување. Белата облека ви е омилена, како и облеката во есенски бои, а тиркизните додатоци ги користите за освежување на комбинациите.rn
Најмногу одговори под б):
rnНегувате младешки стил на облекување, поради што луѓето мислат дека сте помлади одошто сте. Сакате да носите поло маици, кои ги комбинирате со елегантни пантолони или хеланки. Ваши омилени бои се морнарско сина, нежно зелена и розова. Понекогаш во зависност од расположението одбирате облека со впечатливи мотиви.rn
Најмногу одговори под в):
rnСледбеник сте на модата, сакате да се облекувате убаво и да шетате со пријателките за да бидете видени. Обожавате чевли со високи потпетици и облека од познат бренд. Знаете како да ја комбинирате облеката и секогаш да изгледате совршено дотерани. Најзастапена боја во вашиот плакар е црната, бидејќи најлесно се комбинира.rn
Најмногу одговори под г):
rnОблекувањето не ви е важен фактор во животот, но сепак сте секогаш дотерани. Се облекувате во проверени комбинации, како фармерки, кошули и сако, а за вечерно излегување го имате омилениот црн фустан. Поголемиот дел од облеката ви е во неутрални бои.rn
Најмногу одговори под д):
rnВие сте практична личност на која стилот на облекување и е подреден на обврските. Немате многу време да размислувате за стилот, па затоа и за вечерното излегување нема да вложите многу труд. Едноставни пантолони и темна маица ќе биде вашиот избор за таа пригода. Вашата облека е во темни бои.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
