7 мали трикови за посреќен живот

Сподели

Ако некогаш се разбудите тажни и нерасположени, пробајте да го решите тој проблем со овие научно докажани трикови кои ќе ви овозможат да се чувствувате среќно и исполнето секој ден.

Реклама

rn

1. Откријте го уметникот во себе

rnМожеби ќе ве расположи цртањето, сликањето или пак пишувањето. Пронајдете нешто што ќе ве ослободи од стресот, а многу научници го препорачуваат сликањето. Не грижете се за мислењето на другите, земете ја четката во раце и магијата може да започне. Всушност, ликовното изразување ја подобрува поврзаноста помеѓу еластичните делови на мозокот, бидејќи е активност која има потреба од когнитивно, моторно и креативно мислење.rn

Реклама

2. Седете помалку

rnЕдно австралиско истражување покажало дека средовечните жени кои седеле повеќе од 7 часа дневно имаат 47% поголем ризик да паднат во депресија отколку оние кои седеле помалку од 4 часа дневно. Намалената физичка активност придонесува за паѓање во депресија додека вежбањето ги опушта ендорфините кои ќе ви го зголемат расположението.rn

3. Откажете се од омилената храна

rnЕдно истражување покажало дека ако се откажете од својата омилена храна на неколку недели, сладолед, чоколади сл., кога повторно ќе почнете да ја конзумирате ќе чувствувате поголемо задоволство.rn

4. Донирајте

rnИако финансиската состојба не ви е сјајна, одвојте малку пари или пак нешто што не ви е потребно и дајте го некому што од тоа има потреба. Истражувањето од Харвард покажало дека донирањето на 500 долари има ист ефект како заработување на додатни 10.000 долари. И други истражувања покажале дека донирањето на мали парични средства прави луѓето да се чувствуваат среќно.rn

Реклама

5. Пофалете некого барем еднаш во денот

rnПробајте да напишете писмо, статус на Фејсбук или СМС во кои ќе пофалите некого. Луѓето кои почнале да го прават ова веднаш станале посреќни. После три недели правејќи ја оваа активност, тие биле подобро прифатени во друштвото.rn

6. Ценете ги обичните моменти

rnОбичните, секојдневни искуства како што се одење пешки до дома после работа или цртање заедно со децата може да ви донесат многу повеќе среќа во иднина отколку што може да замислите. Луѓето многу се радуваат кога ќе најдат старо цеде или пак фотографија со пријател кој го немаат видено одамна. Немојте да ја земате сегашноста здраво за готово туку складирајте во меморијата одредени моменти и сетете се на нив секојпат кога ќе се чувствувате тажно и депресивно.rn

7. Сочувајте го најдоброто за крај

rnАко одите на пат, петтиот ден во луксузен хотел ќе ви се чини сосема обичен, но доколку поминете четири дена во обичен хотел, а последниот ден се почестите со нешто посебно, ќе уживате во тоа максимално.

Најново

Може ќе ве интересира