КАФЕ ПАУЗА

Вода од рози: Сојузник во третманите за разубавување и подмладување

Вода од рози: Сојузник во третманите за разубавување и подмладување

Водата од рози е еден од наједноставните продукти што треба да бидат вклучени во вашата секојдневна рутина. Во продолжение прочитајте ги нејзините здравствени придобивки.rnrnВода од рози: Сојузник во третманите за разубавување и подмладувањеrn

1. Добра за кожата

rnВодата од рози може да направи чудо за вашата кожа. Таа е совршен избор кога се работи за стареење на кожата бидејќи ги затегнува порите на кожата, а со тоа ги намалува и брчките. Истовремено, ја хидрира и навлажнува сувата и чувствителна кожа без да предизвика некаква иритација.rn

2. Ја чисти кожата

rnВодата од рози може да делува и како ефикасно средство за чистење на кожата. За богатите стари Римјани било карактеристично капењето во вода од рози. Општо познато е дека колку помалку е разредена водата, толку се поголеми придобивките.rn

3. Може да се користи и како додаток во исхраната

rnВодата од рози може да им даде посебен вкус на јадењата, а добро е да знаете дека оваа течност има и други намени освен третманите за убавина на лицето.rn

4. Може да се пие

rnВодата од рози може да се користи како здрав додаток во пијалаци. Богата е со антиоксиданси, флавоноиди, танини и неколку есенцијални витамини како А, Ц, Д, Е и Б3. Еден од најпознатите рецепти е додавањето сируп од вода од роза во чаша ладно млеко.rn

5. Има антидепресивни својства

rnИстражувањата покажале дека овој продукт може да ви помогне да го подобрите расположението и да се ослободите од нервната напнатост. Според старо персиско верување, шолја чај со вода од рози може да ги смири умот и емоционалната состојба.rn

6. Може да лекува кожни инфекции

rnПоради своите антиинфламаторни и хидратантни својства, водата од рози се смета за ефикасен третман при различни кожни проблеми како што се дерматитис, егзема, па дури и изгореници од сонце.rn

7. Може да ја намали појавата на акни

rnВодата од рози е ефективна кога станува збор за намалување на црвенилото и воспалението на кожата. Поради оваа причина се смета како одличен природен третман за акни.rn

8. Може да послужи како дезинфекција

rnВодата од рози може да биде корисна не само за вашето лице туку и за вашиот дом. Спрејот за дезинфекција од вода од рози е вистинскиот избор доколку сакате да го освежите просторот со прекрасна арома.rnrnОткако ги прочитавте здравствените придобивки од водата од рози, можеби сакате да прочитате и како сами да направите тонер за лице од рози.