Веројатно имате неколку различни кујнски крпи дома и веројатно ги користите сите за иста цел. Сепак, секоја крпа има своја специфична намена, па некои се подобри за бришење, а некои за сушење.rnrn
rn
Фротиски крпи
rnФротирот е исклучително мек и добро апсорбира, што го прави супериорен во работата со течности. Добро е да имате фротирски крпи во близина за сушење садови и раце, а тие се корисни и за чистење големи излевања и дамки од течности.rnrnИако тие се добра, еколошка замена за хартиените крпи кога станува збор за апсорпција, не треба да користите фротирски крпи за чистење одредени материјали, како што се стакло или не’рѓосувачки челик, бидејќи оставаат многу влакна.rn
Рамно ткаени крпи
rnОвие крпи се помали и може да ги чувате при рака за секојдневна употреба. Иако тие се „порамни“ од фротирските крпи и затоа не апсорбираат толку многу вода, тие апсорбираат доволно за да се исушат садовите или да се избрише работната плоча. Бидејќи нема да остават влакна или траги зад себе, тие се одлични за бришење уреди од не’рѓосувачки челик.rn
Двострани крпи
rnДвостраните крпи, кои се рамни од едната страна и фротирски од другата страна, го нудат најдоброто од двата света: една апсорбирачка страна за чистење и една без влакна за сушење. Одлични се за бришење влажни садови или за чистење и сушење. Исто така, можете да ги користите двостраните крпи за работи надвор од кујната, како што се миење на надворешноста на прозорците и чистење на мебелот или автомобилот.rn
Крпи од микрофибер
rnКрпите од микрофибер се одлични за многу задачи. Кога се влажни, собираат микроби, нечистотија и мали трошки од површините, а кога се суви, добри се за отстранување прашина и влакна од домашните миленици. Исто така, тие функционираат одлично со секое средство за чистење во спреј.rnrnКрпите од микрофибер се одлични за чистење на речиси секоја површина. Можете да ги користите на не’рѓосувачки челик, хром, прозорци и огледала.rnrnТреба да внимавате и да не користите омекнувач при перење на крпите од микрофибер. Омекнувачот може да остане во влакната и подоцна да остави траги на стаклото и на другите површини.rnrnПрочитајте кои површини не треба да ги чистите со алкохолен оцет.