КАФЕ ПАУЗА

Во оваа земја живеат најсреќните луѓе на планетата: Сè што не сте знаеле за необичните дански животни правила

Written by

in

,

Дали сте знаеле дека доколку не очекувате многу од животот вие ќе станете многу посреќни и поисполнети? Токму ова е принципот според кој се водат Данците, луѓето кои важат за најсреќните на целата планета.rnrnrnrnДанска со години е лидер во оваа категорија и никој освен Финска не е толку блиску до тронот. Жителите на оваа држава за ништо во светот не би менувале своето место на живеење и ако ги прашате, тие ќе ви потврдат дека депресијата и незадоволството се непознати поими за нив.rnrnАвторот Алекс Сандемоус тврди дека нивната среќа се крие во тоа што тие сакаат да бидат обични, просечни луѓе. Освен тоа, тие не се опседнуваат со неважни нешта и не размислуваат претерано за тоа што не е нивна работа. Едноставно се трудат да уживаат во сегашниот момент и сакаат да го искористат максимално. Меѓутоа кој не е роден таму, тешко се навикнува на нивните принципи за живеење.rnrnПогледнете дел од необичните правила што сите Данци ги следат:rn

    rn 011

  • Не мислете дека сте посебни
  • rn 011

  • Не мислете дека сте подобри од останатите
  • rn 011

  • Не мислете дека сте попаметни од другите
  • rn 011

  • Не убедувајте се себеси дека знаете повеќе од другите
  • rn 011

  • Не очекувајте совршени животни околности
  • rn 011

  • Не очекувајте некој постојано да биде покрај вас, понекогаш самите треба да се изборите за себе
  • rn

rnИако на прв поглед овие принципи се чудни, според зборовите на психолозите тие имаат неверојатно позитивен ефект за постигнување среќа и задоволство. Еве како тие го објаснуваат тоа. Водејќи се по овие правила, тие се прилагодуваат на еден просечен живот во кој ништо посебно не очекуваат. Со таков поглед кон светот, тие се задоволни и со најобичните нешта и тоа им е доволно, а ако им се случи нешто големо – среќата им станува уште поинтензивна.rnrnПрочитајте и за ова училиште во Данска ги учи децата на емпатија.